Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж


Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР. Увид …

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж Read More »

Полицијата го растури пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот УКЛА во Калифорнија


 Стотици службеници на автопатот во Калифорнија рано утринава се упатија низ барикадите и толпата демонстранти до плоштадот во центарот на кампусот на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА) за да го разбијат шаторскиот камп поставен во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, јавија британските медиуми. Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа …

Полицијата го растури пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот УКЛА во Калифорнија Read More »

Европската унија му дава една милијарда евра на Либан за да го спречи доаѓањето на бегалците


Европската унија ќе обезбеди една милијарда евра финансиска помош за Либан во период од три години, со цел да го стимулира економскиот развој на земјата и да помогне да се намали бројот на бегалци кои заминуваат во Европа. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со либанскиот премиер Наџиб …

Европската унија му дава една милијарда евра на Либан за да го спречи доаѓањето на бегалците Read More »

На Али Ахмети му е врачена титулата „почесен граѓанин“ на Тирана


На посебна свеченост денеска на претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети му беше врачена титулата „почесен граѓанин“ на Тирана. Градоначалникот на албанската престолнина, Ерион Велиај, по чиј предлог му се доделува титулата, рече дека е чест да му се додели вакво признание на голем човек како Ахмети. -Оваа титула му се доделува како …

На Али Ахмети му е врачена титулата „почесен граѓанин“ на Тирана Read More »

Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници


Паркирањето во oпштина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05.(петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, извести ПОЦ. Согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за …

Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници Read More »

Актерката од серијата „Baby Reindeer“ се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница


Серијата „Baby Reindeer“ на Нетфликс стана исклучително популарна веднаш по објавувањето, а вниманието на гледачите особено го привлече актерката Џесика Ганинг, која ја игра Марта. Марта пристигнува во барот каде работи Дони, кој го игра Ричард Гада. Тој решава да ја почести со шолја чај, откако таа ќе му каже дека нема пари. Наскоро таа …

Актерката од серијата „Baby Reindeer“ се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница Read More »

Робопас доби крзно (видео)


Boston Dynamics, компанија која произведува роботи, објави ново видео од своето куче-робот Spot Mini кое сега има „крзно“. Познатиот робот Spot Mini е трансформиран од дистописка машина со четири нозе во необична марионета наречена „Спарклс“. Сето тоа е дел од проект кој истражува комбинирање на роботика, уметност и забава, бидејќи Sparkles има сино сјајно крзно. …

Робопас доби крзно (видео) Read More »

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра


Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки …

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра Read More »

Ќе се забрани пристап на Токсикологија за здравствените работници без договор за работа


  Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки. Како што денеска информираше директорката …

Ќе се забрани пристап на Токсикологија за здравствените работници без договор за работа Read More »

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија


 Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае …

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија Read More »

Стефковски: Започна градежна офанзива во Гази Баба ќе се асфалтираат 30 улици


Започна голема акција за асфалтирање на над 30 улици во Гази Баба, најави градоначалникот Боба Стефковски. – Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура! Развојот и подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба останува наш врвен приоритет. Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, …

Стефковски: Започна градежна офанзива во Гази Баба ќе се асфалтираат 30 улици Read More »

Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло


Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер …

Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло Read More »

До 2030 година Албанија со четири аеродроми


Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија. На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година. Во …

До 2030 година Албанија со четири аеродроми Read More »

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години


Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот. „Кансаи“ е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита која е на петтото место и Ханеда која е на четвртото место. При изборот на најдобриот аеродром, се земаат …

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години Read More »

Измиени дворовите на поголемите православни цркви пред Велигден


Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини. Со активностите се опфатени: соборниот храм „Св. Климент Охридски“, црквите „Св.Богородица“, …

Измиени дворовите на поголемите православни цркви пред Велигден Read More »

Ученици обезбедија клима-уред за социјално загрозено семејство


Ученици обезбедија грејно – разладно тело за социјално загрозено семејство во Кавадарци, во рамки на активностите од програмата за промоција на хумани вредности, информираше денеска Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст.    – Младите волонтери во нашата хуманитарна организација реализираат неколку проекти, станува збор за платформата „Црвен крст во акција, промоција на …

Ученици обезбедија клима-уред за социјално загрозено семејство Read More »

До понеделник градските автобуси со празничен возен ред


За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. …

До понеделник градските автобуси со празничен возен ред Read More »

Невремето создаде хаос во Франција: Одрони, а има и мртви


Една 57-годишна жена загина, а еден маж е повреден во лизгање на земјиштето за време на невремето што синоќа го зафати северниот дел на Франција, соопштија локалните власти. Интензивните врнежи од дожд во градот Курмело предизвикаа одрони и лизгање на земјиште, кои затрупаа неколку куќи, се наведува во соопштението, пренесува Фигаро. Интервенирале речиси 60 пожарникари, …

Невремето создаде хаос во Франција: Одрони, а има и мртви Read More »

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во САД. Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто. „Внимателниот оптимизам …

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година Read More »