Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј
Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост. На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село …