Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме. Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта.  „ Мајските оперски …

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда Read More »

Крива Река се заканува да се излее


Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив. Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Истовремено, ЦУК, потсетува за голема …

Крива Река се заканува да се излее Read More »

ЦУК: Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово


Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот. За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот.

ДИК ги објави првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори


Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните и официјални резултати од 100 отсто преброените гласови од Претседателските и Парламентарните избори, што се одржаа завчера. Кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски  251.881 глас. Според првичните резултати објавени …

ДИК ги објави првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори Read More »

Унион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години


Фудбалерите на Унион Сен-Жил го освоија Купот на Белгија, совладувајќи го Антверпен во денешното финале во Брисел со 1-0. Победа ја донесе јапонскиот интернационалец Коки Мачида, кој беше прецизен во судиското продолжение на првото полувреме. Ова е трет куп пехар во историјата на Унион, а прв од далечната 1914 година. Клубот од Брисел се врати …

Унион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години Read More »

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август. Зеленски на 6 мај достави до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“. Украинскиот Парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена …

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација Read More »

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?


Јајцата се добар избор на храна бидејќи содржат голем број хранливи материи корисни за здравјето. Да споменеме неколку: протеини, незаситени масти, витамин Д, железо, витамин Б и холин. Најголем дел од протеинот во јајцето се наоѓа во белката, додека повеќето витамини и минерали се наоѓаат во жолчката. Поради оваа причина, особено е корисно да се …

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден? Read More »

Мицкоски ги претстави принципите врз кои ќе владее


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информира дека одржал партиски останок на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат  коалицискиот потенцијал со останатите партии. -Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на …

Мицкоски ги претстави принципите врз кои ќе владее Read More »

Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за официјално разрешување на поранешниот врховен командант, Валериј Залужни од воена служба, наводно поради здравствени проблеми, а потоа го именува за нов амбасадор на Украина во Велика Британија и Северна Ирска. Украинските медиуми јавуваат дека на Залужни ќе му биде дозволено да носи воена униформа, иако е …

Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон Read More »

И мечките знаат да уживаат: Влегоа во двор, се капеа, се сончаa и се качуваа на дрвја (видео)


          View this post on Instagram                       A post shared by Rick Martinez (@rickymartinez87)     Прекрасно семејство на мечки во Монровија, недалеку од Лос Анџелес, влегло во дворот на семејниот дом оваа недела и решило да го помине попладнето таму. …

И мечките знаат да уживаат: Влегоа во двор, се капеа, се сончаa и се качуваа на дрвја (видео) Read More »

Црна Гора во ОН ќе гласа за резолуцијата за Сребреница


Владата на Црна Гора одлучи земјата да гласа за резолуцијата за Сребреница во ОН. Оваа вест ја објави порталот РТЦГ, повикувајќи се на неименувани извори во Владата на Црна Гора. -Ќе се приклучиме кон осудата на секој геноцид, беше објавено на порталот на Владата. За оваа резолуција денеска во Собранието на Црна Гора во рамки …

Црна Гора во ОН ќе гласа за резолуцијата за Сребреница Read More »

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележани пред Владата


Владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба, пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата, со што ги одбележа 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во состав на владината делегација беа министерот за локална самоуправа Ристо …

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележани пред Владата Read More »

Македонија го доби првиот сигурен учесник на Олимпијадата: Дарио ќе трча во Париз


Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот Македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот Македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон. Во дисциплината маратон, се квалификуваа 70 со норма и 11 со ранкинг, вкупно 81 натпреварувач. Нашиот маратонец е рангиран на 78. место, а тоа го …

Македонија го доби првиот сигурен учесник на Олимпијадата: Дарио ќе трча во Париз Read More »

Показна вежба на Баталјонот на специјални сили на Армијата на Охридското Езеро


Припадници на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ во текот на утрешниот ден во водите на Охридското Езеро кај Центарот за обука на вода во периодот од 10 до 12 часот ќе реализирааат показна вежба – препад на пловен објект. За успешна реализација на вежбата, во текот на денешниот ден од 13 до …

Показна вежба на Баталјонот на специјални сили на Армијата на Охридското Езеро Read More »

Улицата „Козјак“ во Кисела Вода добива нов паркинг


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата Козјак, каде што на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг-места. Со ова бројот на новоизградени паркинг-места за овие две и пол години се искачува на 1.400. „Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од …

Улицата „Козјак“ во Кисела Вода добива нов паркинг Read More »

Во сообраќајка загина 42-годишен делчевец


Во средата, во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. …

Во сообраќајка загина 42-годишен делчевец Read More »

Канцеларијата на „Градски паркинг“ во Карпош преселена кај Млечен ресторан


ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација. Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории …

Канцеларијата на „Градски паркинг“ во Карпош преселена кај Млечен ресторан Read More »

Русија почнува да развива нуклеарен погон за заедничка лунарна станица со Кина


Русија почна да развива нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави во средата Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, а пренесува агенцијата РИА. Во март, Борисов рече дека Москва ја разгледува идејата за напојување на централата со нуклеарна енергија поради продолжената лунарна ноќ. Русија и Кина соработуваат на изградбата на …

Русија почнува да развива нуклеарен погон за заедничка лунарна станица со Кина Read More »

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ


Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ. Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена. -Со вчерашниот изборен ден …

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ Read More »

Драма: Се запали „боинг 737“ полн со патници (видео)


„Боинг 737“ со 73 патници се излизгал од пистата откако се запалило неговото крило. На снимката се гледаат последиците од падот на авионот на „Трансаир“ покриен со противпожарна пена на аеродромот Дакар во Сенегал. Сите 73 патници се евакуирани, а некои се здобиле со полесни повреди. Летовите се прекинати на аеродромот. 🔥🇸🇳BREAKING: Boeing 737 SLIDES …

Драма: Се запали „боинг 737“ полн со патници (видео) Read More »