И мечките знаат да уживаат: Влегоа во двор, се капеа, се сончаa и се качуваа на дрвја (видео)


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rick Martinez (@rickymartinez87)

 

 

Прекрасно семејство на мечки во Монровија, недалеку од Лос Анџелес, влегло во дворот на семејниот дом оваа недела и решило да го помине попладнето таму.

Во еден момент големата мечка помислила дека би било корисно да се разлади, па скокнала во базенот и пливала додека двете младенчиња љубопитно го набљудувале и трчале низ дворот. Тие поминале извесно време качувајќи се на дрвото, додека возрасната мечка исто така го обиколила балконот.

Сопственикот на куќата Рик Мартинез за „Гардијан“ изјавил дека ја слушнал вревата во дворот додека ручал.

„Едно од младенчињата се обиде да помине низ затворената стаклена врата“, вели тој, додавајќи дека овие младенчиња се најмладите што ги видел досега, бидејќи ова не е првпат дворот на Мартинез да биде окупиран од мечки.

Имено, неговата куќа се наоѓа на самиот раб на шумата, па неговото семејство често го посетуваат диви животни. Мечките првпат биле забележани во дворот набргу по вселувањето во ноември 2022 година и оттогаш дивите животни се враќаат.

Мартинез вели дека на почетокот се плашеле од мечки, но потоа сфатиле дека нивниот двор е само попатна станица каде што не се задржуваат долго. Тие се држат настрана од луѓето и, според Мартинез, ако видат човек, се вртат и заминуваат. Затоа тој и неговото семејство не им пречат на мечките, туку само ги гледаат низ прозорецот.

„Тие го истражуваат имотот, понекогаш одат на базен или си играат со играчките во дворот“, вели Мартинез.