Монсунските поплави во Бангладеш однесоа 20 животи и погодија повеќе од пет милиони луѓе


Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 5,2 милиони луѓе се погодени во Бангладеш од поплавите предизвикани од монсунските дождови и излевањето на реките, соопштија властите. Поплавите оставија многу луѓе изолирани и итно им е потребна храна, чиста вода, лекови и сува облека, особено во оддалечените области каде што патиштата се блокирани, што го отежнува …

Монсунските поплави во Бангладеш однесоа 20 животи и погодија повеќе од пет милиони луѓе Read More »

Каја Калас пристигна во Брисел: „Нови почетоци“


Поранешната премиерка на Естонија, Каја Калас, која лидерите на ЕУ ја назначија за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, пристигна во Брисел за да се сретне со своите нови колеги во дипломатската служба на ЕУ и Европската комисија. . „Нови почетоци: Само што пристигнав во Брисел и со нетрпение очекувам да …

Каја Калас пристигна во Брисел: „Нови почетоци“ Read More »

Изложба по повод роденденот на Мајка Тереза во Приштина


Косовските здруженија „Организација албанство“ (“Organizata Shqiptaria”) и „Уметници за уметници“, заедно со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија од Скопје, ја отворија денеска манифестацијата “Денови на Мајка Тереза“, со изложба во центарот на косовската престолнина во чест на роденденот на светицата и добитничка на Нобеловата награда за мир, јави дописникот …

Изложба по повод роденденот на Мајка Тереза во Приштина Read More »

Министерство за енергетика: Почнува имплементацијата на Патоказот за праведна транзиција


Под претседателство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржан е состанок на Советот за праведна транзиција на кој се дадени насоки за идните активности што треба да се спроведат во рамки на Патоказот за праведна транзиција.  Од Министерството за енергетика информираат дека е ревидирана сегашната структура за водење на овој процес …

Министерство за енергетика: Почнува имплементацијата на Патоказот за праведна транзиција Read More »

Хорнер: На Верстапен ќе му биде многу тешко да го победи Норис доколку Ред Бул не најде решение за проблемите


Директорот на тимот Кристијан Хорнер предупреди дека на Макс Верстапен ќе му биде „многу тешко“ да го запре Ландо Норис во трката за светската титула во Формула 1 доколку Ред Бул не може да најде одговор за извонредниот напредок на Мекларен. Норис го победи Верстапен за повеќе од 20 секунди на трката за ГН на …

Хорнер: На Верстапен ќе му биде многу тешко да го победи Норис доколку Ред Бул не најде решение за проблемите Read More »

Косовските партии можат да потрошат најмногу до два милиони евра на кампањата за идните избори


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) одлучи дека секој политички субјект, кој ќе биде сертификуван за учество на парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, за изборната кампања има право да потроши до два милиони евра. Според одлуката на ЦИК, дозволената точна сума за максимални трошоци е два милиони 47 илјади 149 евра и таа …

Косовските партии можат да потрошат најмногу до два милиони евра на кампањата за идните избори Read More »

Објавена Шангајската листа за 2024: И годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000


На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа. Во првите десет, само два се од Европа, и тоа британските Кембриџ, …

Објавена Шангајската листа за 2024: И годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000 Read More »

Се исплаќа скенираното ДДВ за април-јуни


Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела. Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се …

Се исплаќа скенираното ДДВ за април-јуни Read More »

МОН: Нема да доцнат исплатите за престижни натпревари


Министерството за образование и наука  се заложи повеќе да не доцнат одговорите на поднесени барања од страна на талентирани ученици и наставници ментори за поддршка на учеството на меѓународни натпревари и олимпијади. Исто така и доцнењето на исплатата на паричните надоместоци по основ на освоени високи места на престижни натпреварувања, повеќе нема да се случува. …

МОН: Нема да доцнат исплатите за престижни натпревари Read More »

Од бесплатен превоз во Скопје, стигнавме до колабирано ЈСП


  Едно од предизборните ветувања на градоначалничката Данела Арсовска беше дека ќе го направи јавниот превоз во Скопје целосно бесплатен, а речиси три години по нејзиното владеење, на праг е да се укинат и досегашните привилегии, не пак да се воведе бесплатен превоз за сите. Бесплатен автобуски превоз во Скопје четири дена во неделата користат …

Од бесплатен превоз во Скопје, стигнавме до колабирано ЈСП Read More »

Канада воведува царина од 100 отсто за увоз на кинески електрични возила


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека Канада воведува царина од 100 отсто на увоз на електрични возила произведени во Кина, како и 25 проценти царина за увоз на кинески челик и алуминиум. – Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, истакна премиерот на Канада, Џастин Трудо. Владата на Трудо …

Канада воведува царина од 100 отсто за увоз на кинески електрични возила Read More »

Нови 213 случаи на Ковид-19 во државава, починале две лица


Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај …

Нови 213 случаи на Ковид-19 во државава, починале две лица Read More »

Подобрени условите за пациентите на хемодијализа во Струга


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“. Досега, што соопшти ресорното …

Подобрени условите за пациентите на хемодијализа во Струга Read More »

За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје ќе се засадат повеќе од 3.000 дрвја


Градот Скопје и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) потпишаа Меморандум за разбирање со цел заедничка имплементација на дополнителни активности со цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, информираат денеска од Град Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на церемонијата на потпишувањето го истакнала значењето на проектот на ЕУ за чист …

За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје ќе се засадат повеќе од 3.000 дрвја Read More »

Таравари: Не верувам дека ќе помине интерпелацијата за Гаши


Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека ќе биде неуспешна интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од политичката партија Левица, но вели дека сепак ќе биде можност за опозицијата да прави спектакл. -По тоа што слушам не верувам дека ќе помине. Поголемите партии коишто се коалициски, тие што се во Владата, …

Таравари: Не верувам дека ќе помине интерпелацијата за Гаши Read More »

Мицкоски: Зголемени плати за образовните работници ќе има кога ќе се створат услови


 Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12% и најавата за евентуални протести. Мицкоски е дециден дека секој кој работи согласно Закон и Устав и се труди, заслужува повисока плата. – Како Влада во рамките на овие два месеца направивме ребаланс …

Мицкоски: Зголемени плати за образовните работници ќе има кога ќе се створат услови Read More »

Јос Верстапен: Во Ред Бул треба да се погледнат во огледало


Јос Верстапен, татко на трикратниот светски шампион Макс Верстапен, ги критикуваше одговорните во Ред Бул. Неговиот син, 26-годишниот Макс го освои второто место вчера во Зандворт на 15-тата трка од Формула 1 шампионатот. Неговата разлика до победникот на трката Ландо Норис од Мекларен беше 22.896 секунди. – Веројатно не треба да го кажам ова, но …

Јос Верстапен: Во Ред Бул треба да се погледнат во огледало Read More »

Мицотакис најави дека следното лето во областа Атика ќе сообраќаат 950 нови автобуси од градскиот превоз


 Во областа Атика, следното лето, во 2025 година ќе има вкупно 950 нови автобуси, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по неговата посета на седиштето на Организацијата за градски транспорт во Атика, поширокиот регион на Атина, истакнувајќи дека веќе во наредните месеци жителите на конкретната област ќе почнат да ги забележуваат разликите во квалитетот на транспортните …

Мицотакис најави дека следното лето во областа Атика ќе сообраќаат 950 нови автобуси од градскиот превоз Read More »

Човекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското Езеро


 Интересна содржина во рамки на годинешното издание на Охридскиот фестивал на вода, со обидот на Јане Петков да го повтори неверојатниот подвиг на Хари Худини, да се ослободи од синџири и лисици од дното на Охридското Езеро Атрактивната точка 70-годишниот Петков ќе ја изведе утре на пладне на Сараиште, секако под будно око на спасителите …

Човекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското Езеро Read More »

Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби


Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства. Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик  за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што …

Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби Read More »