Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево


Денеска, во 18.11 часот на 112 е дсбиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран …

Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево Read More »

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје


Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири


Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел – клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа. Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И …

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири Read More »

Ердоган: Ако Израел има „железна купола“, ние ќе имаме „челична купола“


Турција ќе спроведе сопствен проект за противвоздушна одбрана „Челична купола“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Се надеваме дека ќе го спроведеме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. „Челичната купола ќе обезбеди нашите слоевити системи за противвоздушна одбрана и сите наши сензори и оружје да работат во меѓусебна интеграција. Ердоган ја истакна важноста …

Ердоган: Ако Израел има „железна купола“, ние ќе имаме „челична купола“ Read More »

Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца


 Шарл Леклер (Монако, Ферари) победи во импресивната стратешка битка со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) на легендарната трка за Големата награда на Италија во Монца, на која лидерот во шампионатот Макс Верстапен заврши едвај на шестото место и неговата предност на врвот продолжи да се топи. Карлос Саинц (Ферари) заврши …

Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца Read More »

Борел изјави дека е ужаснат од убиството на израелските заложници во Газа, повика на прекин на огнот


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е ужаснат од „убиството на шест израелски заложници кои ги држеше Хамас“, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа. – Овие невини млади мажи и жени требаше одамна да бидат однесени на безбедно и повторно да се соберат со своите најблиски. …

Борел изјави дека е ужаснат од убиството на израелските заложници во Газа, повика на прекин на огнот Read More »

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка


  Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири …

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка Read More »

Горат гуми и возила на автоплац во Струга


Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди  портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила. – Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото …

Горат гуми и возила на автоплац во Струга Read More »

Нетанјаху: Оној што убива заложници не сака договор


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да мирува додека не ги пронајде одговорните за убиството на шестмината заложници на Хамас, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа, додавајќи дека „оној што убива заложниците не сака договор“. Нетанјаху нагласи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и зачувување …

Нетанјаху: Оној што убива заложници не сака договор Read More »

На Камчатка пронајдени 17 тела во паднатиот руски воен хеликопте


Остатоци од воениот хеликоптер Ми-8 кој вчера исчезна со 22 патници се пронајдени денеска на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, додавајќи дека се пронајдени 17 тела. „Пронајдени се 17 тела“, соопшти руското министерство, додавајќи дека потрагата ќе продолжи утре. A Mi-8 helicopter with 22 people on board vanished in Russia’s remote …

На Камчатка пронајдени 17 тела во паднатиот руски воен хеликопте Read More »

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети


За подготовките и новините во учебната 2024-2025 година денеска прес-конференција одржа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во овие два месеци од нејзиното назначување на функцијата, заедно со вработените во министерството, како и со другите надлежни институции успеале да го подигнат девастираниот образовен систем од претходното лошо менаџирање. „За …

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети Read More »

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести


Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. …

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести Read More »

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола


 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба …

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола Read More »

Уапсен маж што преку социјална мрежа се заканувал на жена и изнудил 400.000 денари


Во саботата, во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 …

Уапсен маж што преку социјална мрежа се заканувал на жена и изнудил 400.000 денари Read More »

Филипче: Никој не верува дека нема пари за зголемување на платите на наставниците


Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, смета лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој денеска организираше протест на наставниците пред просториите на МОН. – Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на …

Филипче: Никој не верува дека нема пари за зголемување на платите на наставниците Read More »

Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши


 СДСМ утре ќе има координација со пратеничката група на која ќе донесе став за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Како што изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче, координацијата треба да се одржи околу 10 часот. – Ќе дозволите тоа да не биде мој личен став, туку на пратеничката група, истакна Филипче, одговорајќи …

Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши Read More »

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години


  Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу …

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години Read More »

Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака


Во Кривогаштани, по вторпат синоќа се одржа Фестивалот на пиперката на кој на 20-тина штандови беа претставени земјоделските производи, најмногу познатата пиперка за ајвар – црвената капија, како и гастрономски производи од пиперки и од зеленчук и овошје. Според производителите, годинава родот на црвената пиперка е квалитетен, но намален поради сушата и климатските промени. Побарувачката …

Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака Read More »

Белград: Завршна конференција за создавање на универзитети без корупција


Завршувањето на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ беше одбележано со финална конференција на тема „Достигнувања и иднина – создавање на универзитети без корупција“ која се одржа во Белград. Овој значаен настан ја означи кулминацијата на напорите за поттикнување на транспарентноста и интегритетот во високообразовните институции во овие три земји. На …

Белград: Завршна конференција за создавање на универзитети без корупција Read More »

Филков: Десетина дена чекаме Судскиот совет да одлучи дали судијата Пајазити постапил според законите


Министерот за правда Игор Филков смета дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити да биде во куќен притвор поранешниот припадник на ОВК Блеким Рамадани, кој потоа избега од државата, е погрешна и во спротивност со досегашната пракса.  Филков вели дека ова прашање треба да биде приоритет посочувајќи дека веќе 10-тина дена се чека Судскиот совет да …

Филков: Десетина дена чекаме Судскиот совет да одлучи дали судијата Пајазити постапил според законите Read More »