Премиерот најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад


Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот македонски државјанин во вчерашниот немил настан во Нови Сад“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по надзорот на патниот правец Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10д. Прашан дали државата ќе му помогне на семејството на загинатиот …

Премиерот најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад Read More »

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години


– Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски …

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години Read More »

Отворена манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“


Над 300 изложувачи и педесетина здруженија денеска ги претставуваат своите земјоделски производи и преработки од храна на манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ која ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ја отвори министерот Цветан Трипуновски кој истакна дека МЗШВ оваа година поддржува 56 вакви настани низ целата држава и дека доделило …

Отворена манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ Read More »

Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина


 Во последната недела од октомври Русија префрлила повеќе од 7.000 војници од Северна Кореја на границата со Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина. Како што се наведува во соопштението, севернокорејските војници биле транспортирани со помош на најмалку 28 воени транспортни авиони. Војниците се вооружени со минофрлачи, автомати АК-12, митралези РПК/ПКМ, снајперски пушки и …

Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина Read More »

Состаноци со бугарските и грчите влади за пругата и патот од Коридор 10


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска информира дека за околу три недели во Скопје ќе се одржи состанок во врска со изградбата на пругата кон Бугарија. Тој потсети дека последниот состанок се одржал во Софија, а претходно имало дијалог на високо ниво во Брисел.  Мицкоски е оптимист за, како што истакна, …

Состаноци со бугарските и грчите влади за пругата и патот од Коридор 10 Read More »

Димитриевски иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад


 Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница  на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин. -Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство …

Димитриевски иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад Read More »

Санчез: Уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите


Драматичните поплави што се случија во текот на ноќта меѓу вторникот и средата на југоистокот на Шпанија предизвикаа најмалку 211 жртви, се вели во најновиот извештај што денеска го објави премиерот Педро Санчез. Тој, исто така денеска најави дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Првиот контингент од 4.000 војници …

Санчез: Уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите Read More »

Мицкоски: Ризикот мора заедно да го поделиме, економијата да ја направиме поконкурентна


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашање на новинарите дали треба преку Буџетот да се субвенционираат каматните стапки за бизнисот во однос на кредитот од Унгарија нагласи дека не може да го сокрие неговото разочарување бидејќи очекувал сите заедно, како што рече, да работиме за интересот на државата и на граѓаните и секој да понесе дел …

Мицкоски: Ризикот мора заедно да го поделиме, економијата да ја направиме поконкурентна Read More »

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност


Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме. Пораката од премиерот Мицкоски беше по барање од новинарите за коментар на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година.  …

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност Read More »

Инфлацијата во Швајцарија падна на 0,6 отсто, најниска од јуни 2021 година


Годишната стапка на инфлација во Швајцарија во октомври падна од 0,8 отсто во септември на 0,6 отсто и сега е најниска од јуни 2021 година, објави Швајцарското Федерално биро за статистика (БФС). Според извештаите, цените на транспортот во Швајцарија во октомври паднале за 2,7 отсто на годишно ниво, облеката и обувките за еден отсто, а …

Инфлацијата во Швајцарија падна на 0,6 отсто, најниска од јуни 2021 година Read More »

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца


Најмалку 84 Палестинци, од кои повеќе од 50 деца, загинаа во два масакра насочени кон палестински домови на северот од Газа, каде што израелската војска држи опсада веќе еден месец, јави Анадолија. Владината канцеларија за медиуми во Газа соопшти дека израелската војска ги бомбардирала зградите на семејствата Шелајил и Ал-Гандур, каде што биле сместени 170 …

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца Read More »

Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома


Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува Бета. Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа …

Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома Read More »

(Во живо) Мицкоски и Николоски на увид на Коридорот 10д Прилеп – Битола


Премиерот Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Народна банка: Според Извештајот на ЕК – висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика


Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври …

Народна банка: Според Извештајот на ЕК – висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика Read More »

Речиси 200.000 жители на западниот дел на Јапонија беа повикани на евакуација


Властите повикаа на евакуација на речиси 200.000 жители на град во западна Јапонија кој стравува од лизгање на земјиштето и поплави поради обилните дождови по минувањето на тајфунот. Градот Мацујама „издаде предупредување на високо ниво, барајќи од 189.552 жители во неговите 10 области веднаш да се евакуираат и да се засолнат“, изјави претставник на локалната …

Речиси 200.000 жители на западниот дел на Јапонија беа повикани на евакуација Read More »

Меѓу загинатите во Нови Сад и Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“


Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Северна Македонија. Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, …

Меѓу загинатите во Нови Сад и Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“ Read More »

САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток


САД најавија ново распоредување на оружје и војска на Блискиот Исток во текот на „следните месеци“ за „одбрана на Израел“ и како предупредување за Иран, соопшти синоќа Пентагон. Во соопштението се нагласува дека Пентагон е јасен дека, ако Иран или неговите партнери и поврзани групи ја искористат оваа ситуација за напади врз американски персонал или …

САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток Read More »

ОЈО за пукањето во Арачиново: Убиство заради долгови, едниот уапсен, по другиот се трага


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено. Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, …

ОЈО за пукањето во Арачиново: Убиство заради долгови, едниот уапсен, по другиот се трага Read More »

Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно


 Над осум милиони евра буџетот на Рим ќе го чини ангажирањето на вкупно 295 карабинери и италијански полицајци, кои ќе бидат вработени во прифатните центри за имигранти во Албанија, во Ѓадр и Шнѓин. Новинската агенција „Ла Пресе“ јавува дека офицерите кои доаѓаат од Италија ќе престојуваат во еднокреветни соби во два луксузни хотели, во крајбрежната …

Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно Read More »

Ахмети: Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните во октомври


Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“. Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно …

Ахмети: Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните во октомври Read More »