(Видео) Бурата не дозволи авион да слета во Дубровник – го носеше надвор од пистата


 Силен дожд денеска на југот на Хрватска, а каква јачина на ветерот најдобро покажува ситуацијата на пистата на аеродромот во Дубровник при слетување на авион. Авионот кој бил на само неколку метри од пистата морал да полета бидејќи слетувањето не било безбедно поради силната бура која го поместила авионот во воздух.

Овие потешкотии се случија со авион на Aer Lingus на летот од Даблин до Дубровник.

Локалните медиуми јавуваат дека пилотот успешно го приземјил авионот при вториот обид на радост на сите патници.