Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето


Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.  Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат …

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето Read More »

Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар


 Фудбалскиот клуб Вардар повеќе нема да смета на досегашниот капитен Дарко Мицевски, со кој е постигнат заеднички договор за прекин на соработката и тој е слободен да премине во друг клуб.  Владица Брдаровски, кој е еден од фудбалерите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ тим, е ослободен од обврските и ќе бара нова фудбалска средина. Вардар …

Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар Read More »

Снешковци го чуваат Градскиот парк


Денешниот снег во Скопје, радост за децата и возрасните. Дел од оние кои викендов останаа во главниот град, побрзаа во Градскиот парк да му се радуваат на снегот, а направија и куп снешковци. Сите со различна големина, со различен дизајн на нос, капа, раце… Весело се насмевнуваат на минувачите и будно го чуваат Градскиот парк.  …

Снешковци го чуваат Градскиот парк Read More »

Калас: Министрите на ЕУ ќе разговараат за укинување на санкциите за Сирија во Брисел на крајот на месецов


Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се сретнат во Брисел на крајот на месецов за да разговараат за укинување на санкциите за Сирија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. – Работиме на тоа со цел навистина во тоа време да бидеме во можност да донесеме одлуки …

Калас: Министрите на ЕУ ќе разговараат за укинување на санкциите за Сирија во Брисел на крајот на месецов Read More »

Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка


 Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка, информираат од Центарот за управување со кризи.  -Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка. …

Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка Read More »

Вучиќ: Сепак нема прекин во испораката на гас од Азербејџан


 Српскиот претседател Александар Вучиќ на Х објави дека денеска од Азербејџан бил информиран дека нема да има прекин на испораките на гас за Србија, како што најави вчера. – Нашите браќа и пријатели од Азербејџан штотуку ме информираа дека, без оглед на објективните проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гас за …

Вучиќ: Сепак нема прекин во испораката на гас од Азербејџан Read More »

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал


Се е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал што на 13 и 14 јануари се одржува низ улиците во Вевчани. Традиционално, манифестацијата почнува вечерва со забавна програма, а вевчанци и гостите ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Обилните снежните врнежи, според градоначалникот Спасе Кочовски, нема да бидат пречка за новото карневалско доживување. …

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал Read More »

Германија ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 50 милиони евра за Сирија


Германија ќе обезбеди дополнителни 50 милиони евра (51 милион долари) хуманитарна помош за Сирија, изјави денеска министерката за надворешни работи Аналена Бербок на маргините на меѓународната конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Парите, кои треба да бидат исплатени на Светската програма за храна на ОН и разни невладини организации, треба да се искористат …

Германија ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 50 милиони евра за Сирија Read More »

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68


Бројот на повредени во вчерашниот судир на два трамваи во Стразбур се зголеми на 68, покажува најновиот извештај на локалните власти. Трамваите се судрија во тунел во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција, по Париз. „Во несреќата се повредени 68 лица, но никој не е тешко повреден“, соопшти префектурата …

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68 Read More »

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје


Десетина граѓани кои се декларираат како македонски Бугари денеска, како и во минатите години, оддадоа почит на спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт. На спомен-плочата и пред слика на Бунева што ја донесоа, тие оставија цвеќе откако претходно организираа панихида во црквата …

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје Read More »

Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп


Идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека Канада треба да стане 51-та држава на САД наиде на осуда и од поранешниот канадски премиер Жан Кретиен, кој на Трамп му порача „да размисли повторно“. Кретиен, кој беше премиер на Канада од 1993 до 2003 година, им се придружи на канадските официјални лица кои велат дека коментарите …

Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп Read More »

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни


 Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев попладнево информира дека и покрај интензивните врнежи од снег на територија на општина Кавадарци, сите патишта биле проодни. -Во текот на вечерта, но и во моментов, во Кавадарци има интензивни врнежи од снег. Службите задолжени за зимско одржување на патиштата од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци со осум машини механизација интервенираат …

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни Read More »

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани


 Извлечени се завеаните пет малолетни и едно возрасно лице  од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани, соопшти ЦУК.   Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи   112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни …

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани Read More »

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми


Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.  Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.   Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се …

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми Read More »

Пет деца и еден возрасен се завеани во Рајчани, Кочанско


Пет малолетни лица и еден возрасен се завеани од снегот во селото Рајчани, Кочанско, а откако се јавиле на 112, организирани се надлежните да отидат и да ги извлечат, соопшти ЦУК. „Во 9:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи …

Пет деца и еден возрасен се завеани во Рајчани, Кочанско Read More »

Нобеловката Малала Јусафзаи: Израел го уништи образовниот систем во Газа


Пакистанската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи денеска изјави дека Израел го „десеткувал“ образовниот систем во Појасот Газа, каде што води војна против палестинското движење Хамас од 2023 година. -Во Газа, Израел го десеткуваше целиот образовен систем. Тие ги бомбардираа сите универзитети, уништија 90 отсто од училиштата и неселективно ги гаѓаа …

Нобеловката Малала Јусафзаи: Израел го уништи образовниот систем во Газа Read More »

Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов


Во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица вчера околу 14.30 часот ги лишиле од слобода О.И.(26), К.К.(53), Д.Т.(35) и Ж.У.(25), сите од Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или …

Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов Read More »

Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка


 Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош, пренесе Хина. Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на …

Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка Read More »

Снежната радост стигна и во Скопје (галерија)


Скопје виде снег – првпат зимава, а и по подолго време, главниот град се разбуди под снежна прекривка. Снегот, кој од синоќа почна да паѓа во Скопје, ги прекри улиците, тревниците, дрвјата и покривите. Наликува на зимска бајка. Одличен е и тајмингот! Викенд е, а повеќето деца, кои се останати дома, се израдуваа на белилото …

Снежната радост стигна и во Скопје (галерија) Read More »

(Видео) Земјотрес од 6,4 степени во Мексико – оштетени многу објекти


Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан. ❗ El sismo fue perceptible en los estados de Colima, Michoacán, Morelos, así como algunas zonas de la Ciudad de México. pic.twitter.com/sCPDUPKPTB — Sepa Más (@Sepa_mass) January 12, 2025 Земјотресот се случил во 2 часот и 33 …

(Видео) Земјотрес од 6,4 степени во Мексико – оштетени многу објекти Read More »