Почина поранешниот шеф на дипломатија на Италија Џани де Микелис


Поранешниот италијански министер за надворешни работи Џани де Микелис почина на 78-годишна возраст по долго боледување. Де Микелис е хоспитализиран пред неколку денови бидејќи му се влошила здравствената состојба. Тој беше член на социјалистите во италијанскиот Парламент, а извршувал повеќе министерски позиции од 1980 до 1992 година. Функцијата шеф на италијанската дипломатија ја извршуваше од …

Почина поранешниот шеф на дипломатија на Италија Џани де Микелис Read More »

Терористички напад во Пакинстан, во хотел со пет ѕвезди


Група терористи нападнала хотел со пет ѕвезди „Перл континентал“ во пакистанскиот град Гвадар, соопшти полицијата. „Три или четири напаѓачи упаднаа во хотелот и сега траат судирите на припадниците на безбедноста и терористите“, соопшти полицијата, додавајќи дека нема информации за жртви, пренесе Ројтерс. Во регионот распоредени се дополнителни полициски, антитерористички и воени сили. Полицијата наведува дека …

Терористички напад во Пакинстан, во хотел со пет ѕвезди Read More »

Пол-позицијата во „Каталуња“ за Ботас


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија. Од втората стартна позиција на првиот ред веднаш до Финецот ќе биде неговиот тимски колега Луис Хамилтон. По возачите на Мерцедес следуваат Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен  од Ред Бул. За …

Пол-позицијата во „Каталуња“ за Ботас Read More »

Претставници од НВО ја поздравија одлуката за крај на „десоросоизацијата“


Претставници на  граѓанските организации кои беа опфатени со процесот на „десоросоизација“ на кој во 2016 година повика Никола Груевски, денеска го поздравија позитивно мислење на Владата и автентичното толкување на законот од страна на Собранието, со кое се појаснува дека НВО не треба да плаќаат дополнителни средства во буџетот за активности кои се нивна основна дејност. …

Претставници од НВО ја поздравија одлуката за крај на „десоросоизацијата“ Read More »

Шекеринска: СЈО мора да работи


Институциите кои се бореа со криминалот и со корупцијата мора да добијат мандат да продолжат тоа да го прават, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со преговорите со опозицијата за статусот на Специјалното јавно обвинителство. -Во првите денови СЈО можеби беше само симбол, сега тоа мора да продолжи да биде …

Шекеринска: СЈО мора да работи Read More »

Можни кадровски промени во Владата и институциите по инаугурацијата на претседателот


Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата веќе нема обврска, а ниту другите институции да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев, која ќе зафати дел …

Можни кадровски промени во Владата и институциите по инаугурацијата на претседателот Read More »

Шекеринска: Нема дополнителен данок за невладините, „десоросоизацијата“ заврши


– Нашата држава заслужува да биде демократска и да има јасен и гласен граѓански сектор кој нема да се плаши од Владата, изјави вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска пред Владата. Потсети дека кон крајот на 2016 година, веднаш по парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во еден долг ноќен говор …

Шекеринска: Нема дополнителен данок за невладините, „десоросоизацијата“ заврши Read More »

Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД. Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата. Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот


Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на Холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово. По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до …

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот Read More »

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината. Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на …

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон Read More »

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент


Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството. Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност …

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент Read More »

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите


Во наредните денови времето ќе биде облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, информира Управата за хидрометеролошки работи. „Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови …

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите Read More »

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека наредната недела ќе има средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која двајцата ќе дискутираат за иднината. Во последните денови медиумите во Италија тврдат дека тренерот е пред разделба со клубот. Алегри сепак негираше дека подготвува заминување. Тој е амбициозен да продолжи да го води гигантот од …

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“ Read More »

ЈОРМ: Министерството за здравство законски набавувало лекови и реагенси


По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција, соопшти ЈОРМ. -Во текот на минатата година, Основното …

ЈОРМ: Министерството за здравство законски набавувало лекови и реагенси Read More »

СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири


Светската здравствена организација предупредува дека можеби нема да биде можно да се задржи еболата во две провинции во источно Конго погодени со епидемија. Во денешното соопштение, СЗО предупредува дека борбата против еболата е прекинувана пет дена по ред поради несигурност, јави АП. СЗО соопшти дека во еден инцидент насилно е нападната група за погребување откако …

СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири Read More »

Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“


Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа“ стана познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021 година, бидејќи неговата флора и фауна се сериозно нарушени поради прекумерниот број посетители. Заливот Маја, на островот Фи Фи Ле, привремено беше затворен минатата година, а пред тоа секој ден го посетуваа до 5.000 луѓе. Како резултат на тоа, повеќето …

Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“ Read More »

(Видео) Иванов се сели во „Џевахир скај сити“


Претседателот Ѓорге Иванов, по завршувањето на мандатот ќе се пресели во кулите на „Џевахир“ во Аеродорм. Во видеото изработено од „360 stepeni“ се вели дека претседателот самиот го побарал тоа.

(Фото) Во ѓубрето се парите


Откако актерката Ирена Ристиќ покрена повеќе акции за расчистување на ѓубрето низ Скопје, секојдневно на официјалната Фејсбук-страница објавува интересни стории. Последната сведочи дека во ѓубрето навистина лежат парите. Имено, младо момче при расчистување отпад на депонијата Вардариште нашол 500 евра, односно искината банкнота од 200 и три од по сто евра. Една учесничка во расчистувањето …

(Фото) Во ѓубрето се парите Read More »

Ќе се распишува нов тендер за „зиплајн“ во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека ќе биде распишан нов тендер за изградба на „зиплајн“ од тврдината Кале до Градски парк, откако претходниот бил поништен поради тоа што понудувачите не доставиле комплетна документација. -На тендерот се пријавија понудувачи за изградба на „зиплајнот“, но пријавените немаа соодветна документација и заради тоа беше поништена постапката, …

Ќе се распишува нов тендер за „зиплајн“ во Скопје Read More »

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата


Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, денеска го почна своето патешествие со трицикл да ја обиколи државата. Со тоа, како што рече, сака да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели. – …

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата Read More »