Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД. Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата. Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот


Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на Холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово. По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до …

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот Read More »

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината. Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на …

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон Read More »

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент


Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството. Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност …

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент Read More »

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите


Во наредните денови времето ќе биде облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, информира Управата за хидрометеролошки работи. „Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови …

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите Read More »

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека наредната недела ќе има средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која двајцата ќе дискутираат за иднината. Во последните денови медиумите во Италија тврдат дека тренерот е пред разделба со клубот. Алегри сепак негираше дека подготвува заминување. Тој е амбициозен да продолжи да го води гигантот од …

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“ Read More »

ЈОРМ: Министерството за здравство законски набавувало лекови и реагенси


По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција, соопшти ЈОРМ. -Во текот на минатата година, Основното …

ЈОРМ: Министерството за здравство законски набавувало лекови и реагенси Read More »

СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири


Светската здравствена организација предупредува дека можеби нема да биде можно да се задржи еболата во две провинции во источно Конго погодени со епидемија. Во денешното соопштение, СЗО предупредува дека борбата против еболата е прекинувана пет дена по ред поради несигурност, јави АП. СЗО соопшти дека во еден инцидент насилно е нападната група за погребување откако …

СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири Read More »

Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“


Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа“ стана познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021 година, бидејќи неговата флора и фауна се сериозно нарушени поради прекумерниот број посетители. Заливот Маја, на островот Фи Фи Ле, привремено беше затворен минатата година, а пред тоа секој ден го посетуваа до 5.000 луѓе. Како резултат на тоа, повеќето …

Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“ Read More »

(Видео) Иванов се сели во „Џевахир скај сити“


Претседателот Ѓорге Иванов, по завршувањето на мандатот ќе се пресели во кулите на „Џевахир“ во Аеродорм. Во видеото изработено од „360 stepeni“ се вели дека претседателот самиот го побарал тоа.

(Фото) Во ѓубрето се парите


Откако актерката Ирена Ристиќ покрена повеќе акции за расчистување на ѓубрето низ Скопје, секојдневно на официјалната Фејсбук-страница објавува интересни стории. Последната сведочи дека во ѓубрето навистина лежат парите. Имено, младо момче при расчистување отпад на депонијата Вардариште нашол 500 евра, односно искината банкнота од 200 и три од по сто евра. Една учесничка во расчистувањето …

(Фото) Во ѓубрето се парите Read More »

Ќе се распишува нов тендер за „зиплајн“ во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека ќе биде распишан нов тендер за изградба на „зиплајн“ од тврдината Кале до Градски парк, откако претходниот бил поништен поради тоа што понудувачите не доставиле комплетна документација. -На тендерот се пријавија понудувачи за изградба на „зиплајнот“, но пријавените немаа соодветна документација и заради тоа беше поништена постапката, …

Ќе се распишува нов тендер за „зиплајн“ во Скопје Read More »

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата


Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, денеска го почна своето патешествие со трицикл да ја обиколи државата. Со тоа, како што рече, сака да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели. – …

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата Read More »

Во Косово нема веќе игри на среќа


Во Косово од денеска официјално стапува во сила Законот за забрана на игрите на среќа, со кој се затвораат обложувалниците, казината и другите видови објекти за игри на среќа, освен оние на државната Лотарија, јави дописникот на МИА од Приштина. Законот, кој беше предложен од Владата по две последователни убиства на вработени во казино, минатиот …

Во Косово нема веќе игри на среќа Read More »

Хашим Тачи бара укинување на границата меѓу Косово и Албанија


Косовскиот претседател Хашим Тачи веднаш по враќањето од Тирана, каде што учествуваше на самитот на „Процесот Брдо-Бриони“, побара укинување на границата меѓу Косово и Албанија. Тачи на својот Фејсбук напиша дека денеска поминал низ граничниот премин Морина, кој, според него, „неправедно ги дели Косово и Албанија“. – Тукушто ја поминав граничната точка во Морина, која …

Хашим Тачи бара укинување на границата меѓу Косово и Албанија Read More »

Регистар на вистински сопственици на фирми до крајот на годинава


Заклучно со февруари годинава од Централниот регистар се избришани вкупно 3.603 фирми по основ на недоставена годишна сметка, невпишан влог и неупис на поштенско сандаче, како и уште 3.200 субјекти поради ликвидација и стечај. Како што соопшти денеска на прес-конференција директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, годинава, до денеска, се основани 2.637 деловни субјекти, …

Регистар на вистински сопственици на фирми до крајот на годинава Read More »

Градот Скопје ги ослободува заробените дрвја од градежен материјал


Градот Скопје досега ослободил 15 отсто од вкупниот број заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, кои се во негова надлежност. Градоначалникот Петре Шилегов очекува годинава да бидат ослободени сите 184 дрвја и корени на дрвјата кои се во надлежност на градот, а до крајот на годината …

Градот Скопје ги ослободува заробените дрвја од градежен материјал Read More »

Дрвјата зад Воениот стадион добија имиња по новороденчиња


Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот. …

Дрвјата зад Воениот стадион добија имиња по новороденчиња Read More »

Адеми: За неколку дена насоки за уписот на првачиња по епидемијата со морбили


Министерствата за образование и наука и за здравство за неколку дена ќе излезат со став и насоки за основните училишта во однос на уписот на првачињата со оглед дека со прогласувањето на епидемијата на морбили не се запишуваат невакцинираните деца, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми. – Во постојана комуникација сме со …

Адеми: За неколку дена насоки за уписот на првачиња по епидемијата со морбили Read More »

Чавков не се сеќава дали дал наредба да се апси Бошкоски


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков сведочеше на денешното судско рочиште за случајот „Тортура“, односно за нечовечното апсење на Љубе Бошкоски. Чавков за сведок беше предложен од СЈО, бидејќи во периодот кога Бошкоски беше уапсен како осомничен за случајот „Кампања“, во јуни 2011 година, бил на функцијата началник на Одделението за организиран криминал. Тој …

Чавков не се сеќава дали дал наредба да се апси Бошкоски Read More »