ЕУ ќе учествува на Климатскиот самит, но активистите бараат поамбициозни мерки


Европската Унија на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Њујорк пристигнува со “силни заложби“, велат од Европската Комисија, но активистите бараат поамбициозни мерки. Европската Унија на Климатскиот самит кој се отвора денес, паралелно со Генералното Собрание на ОН, ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската Комисија и иден комесар за …

ЕУ ќе учествува на Климатскиот самит, но активистите бараат поамбициозни мерки Read More »

Поскапуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. …

Поскапуваат бензините и дизелот Read More »

Сани Шенер: Жена ми, ќерка ми и зет ми чекаат македонски пасош


По 22 години на врвот на холдингот „ТАВ аеродроми“, неговите соработници велат дека не влегува на листата на најбогати Турци, но Сани Шенер е на многу листи за највлијателни лидери во градежништвото и бизнисот. Негова специјализација се аеродромите, стратегиските вложувања и инвестирањето во инфраструктура. Во портфолиото на ТАВ има 14 аеродроми во 7 држави. Во …

Сани Шенер: Жена ми, ќерка ми и зет ми чекаат македонски пасош Read More »

Попладне нестабилно со дожд над 20 литри


Нестабилно со повремени врнежи од дожд, што на места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар, најавуваат метеоролозите за денеска попладне и утре. Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите …

Попладне нестабилно со дожд над 20 литри Read More »

Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот


Администрацијата на Општина Аеродром денеска се ослободи од старите и дотраени електронски апарати. Здружението „Нула отпад“ денеска од просториите на Општина Аеродром подигна 21 компјутер, 29 монитори, три лаптопи, два печатачи, 30 тастатури и шест мауси. Општина Аеродром со ова се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво …

Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот Read More »

Анализа на Форд: Речиси половина Американци уверени дека на електричните автомобили им е потребен бензин


Од автомобилската компанија Форд објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД каде се укажува дека 42 отсто Американци се уверени дека на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат. Освен тоа, 80 отсто Американци не би одбрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски прилики. Во …

Анализа на Форд: Речиси половина Американци уверени дека на електричните автомобили им е потребен бензин Read More »

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски


Судечкиот совет го одби барањето на адвокатите на обвинетите за запирање на постапката за предметот „Таргет -Тврдина“ како неосновано иденешното рочиште продолжи со сослужување на сведокот Зоран Верушевски. Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски на судењето во Кривичниот суд појасни дека законот на СЈО  е во правна сила до 2020 година со што само СЈО …

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски Read More »

Рама сепак отпатува во Њујорк


Албанскиот премиер Еди Рама го смени планот и сепак отпатува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН. – Денеска е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се сретнам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади, или личности. Во име на Албанија ќе говорам …

Рама сепак отпатува во Њујорк Read More »

Пратениците сега трошат и за патарини, и за кирии


Сакајќи да стават крај на критиките од јавноста дека земаат прилично големи суми за патни трошоци двете пратенички од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и Лилјана Затуроска западнаа во нова неволја – сега не како друмски антихерои, туку како кираџики. Пратеничките од Прилеп и Битола ја искористиле ланската одлука на Собранието да изнајмат стан во висина од …

Пратениците сега трошат и за патарини, и за кирии Read More »

Берлускони: Милан ме разочара


Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони не беше задоволен од изданието на „росо-нерите“ во натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат со градскиот ривал Интер (0:2). – Се обидов да го гледам на ТВ, но по некое време фудбалот на Милан едноставно ме разочара.  Малдини и Бобан? Следното прашање … Само ќе кажам дека ги …

Берлускони: Милан ме разочара Read More »

Стефановиќ: Власта подготвена за чекор напред за изборните услови


„Подготвени сме да направиме чекор напред за да ги подобриме изборните услови“, изјави денеска министерот за внатрешни работи и шеф на Работната група за подобрување на изборните услови Небојша Стефановиќ. Тој за РТС изјави дека мерките за подобрување на изборните услови на кои би можела да се обврзе изборното мнозинство можат да се применат до …

Стефановиќ: Власта подготвена за чекор напред за изборните услови Read More »

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти


Деветмина каталонски сепаратисти рано утрово се уапсени во шпанската североисточна област Каталонија поради планирани насилни акции, соопшти шпанската полиција.   – Апсењето го нареди шпанскиот Врховен суд, изјави портпаролка на Цивилната гарда, без да даде детали.   Весникот Ла Вангуардиа пишува дека деветмината се уапсени за време на рација која почнала во пет часот утрово …

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти Read More »

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје


Началниците на генералштабовите на Грција и Северна Македонија ќе потпишат договор за надзор на воздушниот простор на Скопје, што во овој момент е императив, бидејќи е во корист на нашиот национален интерес, изјави грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос во интервју за атинскиот весник „Катимерини“. Како што jави дописничката на МИА од Атина, прашан за …

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје Read More »

НБ: Поволни движења во економијата и во третиот квартал


Поволните движења во економијата продолжува и во третиот квартал, оценуваат од Народната банка во последниот месечна информација за септември 2019 година. – Согласно објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1 отсто. Податоците за јули за индустриското …

НБ: Поволни движења во економијата и во третиот квартал Read More »

Мигранти сакале да ја поминат грчката граница маскирани во одбојкарска екипа


Грчката полиција уапси десет сириски мигранти кои биле маскирани како членови на украинската одбојкарска репрезентација. Тие биле уапсени во неделата на атинскиот аеродром, откако полицијата утврдила дека пасошите што ги имаат со нив биле пријавени дека се украдени или изгубени. Сириските мигранти носеа идентични дресови, спортски торби, а исто така имаа и две одбојкарски топки, …

Мигранти сакале да ја поминат грчката граница маскирани во одбојкарска екипа Read More »

Се урна училница во Кенија, загинаа седум ученици


Најмалку седум ученици загинаа, а 57 се повредени при уривање на една училница во училиште во Најроби, главниот град на Кенија. Портпаролот на кениската Влада го потврди бројот на жртви и повредени. Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како припадници на Црвениот крст ги пребаруваат урнатините на училиштето.

Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици


Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили. Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра. – Брегзоит не е само британски проблем, …

Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици Read More »

Кондор продолжува со летови и покрај банкротот на Томас Кук групацијата


Германската компaнија Кондор соопшти дека продолжува со летови и покрај тоа што Томас Кук групацијата, каде и тие се дел, потврди дека банкротирала. Од Кондор соопштија дека побарале денеска заем од Владата за да надминат тешкотии во работењето. – Летовите на Кондор продолжуваат според редовниот распоред, наведоа во соопштение од компанијата. Засега е нејасно како …

Кондор продолжува со летови и покрај банкротот на Томас Кук групацијата Read More »

Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија заклучила дека Иран е одговорен за нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и дека Лондон ќе размисли за учеството во американскиот проект за зајакнување на одбранбените капацитети на ултраконзервативното заливско кралство. Џонсон, сепак, додаде дека и Велика Британија со сојузниците ќе работи на „деескалација“ на напнатоста …

Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија Read More »

Приведени новинари поради лажна вест за земјотрес во Албанија


Откако некои портали објавија лажни вести за нови земјотреси во Албанија, што  предизвика паника меѓу граѓаните, следуваше реакција од полицијата, пренесува „Топ чанел“. Новинарите Аурел Ракиплари од „SYRI.net“ и Даниела Грица од „Shekulli“ биле придружувани од полиција поради ширење на лажни вести. – Полицијата ги советува граѓаните да останат смирени и да не потпаднат под …

Приведени новинари поради лажна вест за земјотрес во Албанија Read More »