Два месеци траела истрагата што доведе до апсење на државниот секретар, во повеќе европски земји


Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за …

Два месеци траела истрагата што доведе до апсење на државниот секретар, во повеќе европски земји Read More »

Протест на сопственците на педалинки во Струга, општинската инспекција спроведува акција за нивно отстранување од плажите


Комуналната инспекција во Општина Струга со механизација и полициска асистенција денеска се обиде со да ги отстрани педалинките од плажите на струшкото крајбрежје на Охридското Езеро. Сопствениците на педалинките откако пристигна механизацијата и полицијата едноставно ги турнаа педалинките во вода што ја одложи акцијата на инспекцијата. Фактичката ситуација со педалинките во Струга е последица на …

Протест на сопственците на педалинки во Струга, општинската инспекција спроведува акција за нивно отстранување од плажите Read More »

Повредени петмина вработени во руско министерство


Петмина вработени во руското Министерство за вонредни ситуации повредени се денеска кога камион удри во колона нивни возила во регионот Тула. Припадниците на Министерството за вонредни ситуации биле на пат кон Керч, на Крим, за да учествуваат во акција за чистење мини. Несреќата се случила кога камион влетал во четири возила кои сопреле поради технички …

Повредени петмина вработени во руско министерство Read More »

До крајот на денот ќе се знае дали оставката на Груевски ќе биде ставена на утрешната седница


На претпладневната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствува претставник на ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена конечна одлука дали оставката на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница. Од …

До крајот на денот ќе се знае дали оставката на Груевски ќе биде ставена на утрешната седница Read More »

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК


Причина за одложувањето на  денешната седница на Комисијата за европски прашања е тоа што Комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ, ниту пак да поканат претставници на дипломатскиот кор и други гости, имајќи предвид дека покрај  Предлог-законот за попис, на дневен ред е и Извештајот на ЕК, посочува за МИА претседателот на ова собраниско тело …

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК Read More »

Изложба за урбаниот биодиверзитет во Градскиот парк


Отворена изложба на хербариуми, фаунариуми и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија денеска е изложена во Градскиот парк, во организација на Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Целта на настанот е да се покаже како човекот влијае врз биодиверзитетот и …

Изложба за урбаниот биодиверзитет во Градскиот парк Read More »

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество Јахи Јахија


По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови, јави СДК. Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран …

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество Јахи Јахија Read More »

Албанските социјалисти в четврток почнуваат постапка за разрешување на претседателот Мета


Претседателството на владејачката Социјалистичка партија на седницата одржана по обраќањето на претседателот Илир Мета, донесе одлука за започнување постапка за негово разрешување. Владината портпаролка и министерска за соработка со Парламентот, Елиса Спиропали соопшти дека постапката ја почнуваат в четврток во законодавниот дом. -Претседателството на Социјалистичката партија дискутираше за бруталниот акт на Илир Мета над парламентарна …

Албанските социјалисти в четврток почнуваат постапка за разрешување на претседателот Мета Read More »

Се исуши дрвото на пријателството кое го посадија Трамп и Макрон во Вашингтон


Дрвото на пријателството кое го посадија Доналд Трамп и Емануел Макрон се исуши по околу една година од кога е посадено. Францускиот претседател Емануел Макрон му го предаде младиот даб на претседателот на САД Доналд Трамп при посетата на Вашингтон лани во април, а фотографиите од овој момент кога двајцата претседатели го садеа дрвото со …

Се исуши дрвото на пријателството кое го посадија Трамп и Макрон во Вашингтон Read More »

(Видео) Кран падна на зграда во Далас, најмалку едно лице загина


  На градилиште во Далас, падна кран врз станбена зграда, при што уништи пет ката, а во инцидентот загина најмалку еден човек, додека шестмина се повредени, пренесуваат американските медиуми. До уривањето дошло околу 2 часот по локално време, а според очевидци, во градот во тој момент имало неповолни временски услови со силни ветрови. Една жена …

(Видео) Кран падна на зграда во Далас, најмалку едно лице загина Read More »

Најмалку 17 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил


Најмалку 17 лица загинаа кога автобус се преврте врз повеќе автомобили на пат, во југоисточниот дел на Бразил, соопштија локалните власти. Автобусот превезувал 40 патници. Несреќата се случила на околу 180 километри од Сао Паоло.

Српскиот Парламент престанува со праксата на усвојување закони по итна постапка


Српскиот парламент во следниот период ќе престане со праксата законите да се усвојуваат по итна постапка, поради што отсуствува суштинска полемика за нив. Исто така, кога буџетот ќе дојде на дневен ред, времето за дискусија ќе се удвои. Весникот „Вечерње Новости“ објави дека ќе биде изменета зачестената слика од седниците во изминатите години кога закони …

Српскиот Парламент престанува со праксата на усвојување закони по итна постапка Read More »

Пораснаа странските инвестиции во Црна Гора, најмногу од НАТО земјите


Во првиот квартал оваа година дојде до голем прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора, изјави Милош Јовановиќ, вели директорот на црногорската Агенција за промоција на странски инвестиции за телевизијата Нова М. „Во првиот квартал имавме околу 172 милиони евра бруто прилив на странски директни инвестиции, што е 32 отсто повеќе во однос на …

Пораснаа странските инвестиции во Црна Гора, најмногу од НАТО земјите Read More »

Секој што има 150.000 евра може да конкурира на тендерот за фотоволтаични електрани


До август годинава ќе трае тендерот за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште кај Свети Николе и кај Македонски Брод. Денеска ќе биде објавен јавниот оглас за доделување премии за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште за вкупно 35 мегавати, односно 25 мегавато на земјиште кај Свети Николе и 10 на територија на …

Секој што има 150.000 евра може да конкурира на тендерот за фотоволтаични електрани Read More »

Судскиот совет ќе расправа за одговорност и за продолжување на мандат на судии


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи  седница, на чиј дневен ред се одлуките за  продолжување на мандатот на  судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, Одлуката за формирање на Комисија за изработка на Деловник за работа на Судскиот совет, Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со …

Судскиот совет ќе расправа за одговорност и за продолжување на мандат на судии Read More »

Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Надал на врвот на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе 255-та седмица се наоѓа на првото место на АТП рејтинг листата. Србинот дури и ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и покрај тоа што Шпанецот вчера триумфира на Грен слемот „Ролан Гарос“. Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето освои …

Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Надал на врвот на АТП листата Read More »

ЦИК: Токаев победи на претседателските избори во Казахстан


Казахстанскиот в.д. претседател, Касим Жомарт Токаев (66) победи на предвремените претседателски избори со своени 70,76 отсто од гласовите, соопшти денеска Централната изборна комисија на Казахстан. Тој резултат од изборите не е изненадување, бидејќи Токаев беше избран за наследник на претседателот Нурсултан Назарбаев, кој неочекувано поднесе оставка во март. Токаев рече дека ќе продолжи со политиката …

ЦИК: Токаев победи на претседателските избори во Казахстан Read More »

Потона штотуку реставриран брод од 19 век


Штотуку реставриран дрвен брод од 19 век потона откако се судри со брод контејнер во близина на Хамбург, Германија. Шест возрасни и две деца се повредени кога бродот со назив „Elbe No 5“, изграден во  1883 година, се судри со друг брод со знаме на Кипар наречен „Astrosprinter“, на реката Елба. Сите 43 патници се …

Потона штотуку реставриран брод од 19 век Read More »

Официјално стартува трката за наследник на Тереза Меј


Првата фаза од трката за наследник на Тереза Меј официјално започна денеска со предавањето на кандидатурите што ќе треба да бидат поддржани од осум пратеници. Поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е фаворит за наследник Меј, предводен од Конзервативната партија, откако Меј во петокот поднесе оставка поради неуспехот за нејзиниот договор за брегзит во …

Официјално стартува трката за наследник на Тереза Меј Read More »

(Видео) Груевски одби унгарски новинар: Денеска нема да дадам изјава!


Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски денеска повторно беше пречекан од унгарски новинари во Будимпешта, но тој одби да даде изјава. Новинарите сакаа да добијат изјава од Груевски, но поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ упорно одбиваше да каже нешто. „Се извинувам, денеска нема да дадам изјава. Во некоја друга прилика ќе ти дадам изјава“, му вели …

(Видео) Груевски одби унгарски новинар: Денеска нема да дадам изјава! Read More »