Се исуши дрвото на пријателството кое го посадија Трамп и Макрон во Вашингтон


Дрвото на пријателството кое го посадија Доналд Трамп и Емануел Макрон се исуши по околу една година од кога е посадено.
Францускиот претседател Емануел Макрон му го предаде младиот даб на претседателот на САД Доналд Трамп при посетата на Вашингтон лани во април, а фотографиите од овој момент кога двајцата претседатели го садеа дрвото со лопати со златна боја, беа апсолутен хит на интернет.
Макрон тогаш рече дека дрвото и неговото симболично потекло ќе биде потсетник во Белата куќа за нивните меѓусебни врски.
Но, неколку дена подоцна, дрвото беше извлечено од земја и однесено. Се покажа дека како и сите живи организми увезени во САД, мораше да помине низ карантин.
Интересно е што до сушење на стеблото доаѓа по континуираното влошување на односите на двајцата претседатели, пренесе Скај њуз.
Трамп и Макрон се појавија минатата недела кога зборуваа на одбележувањето на 75 годишнината од Денот Д во Франција.
Свеченоста следеше по низа несогласувања меѓу нив за прашањата кои ги вклучуваат трговијата и нуклеарната спогодба во Иран.