(Видео) Кран падна на зграда во Далас, најмалку едно лице загина


 

На градилиште во Далас, падна кран врз станбена зграда, при што уништи пет ката, а во инцидентот загина најмалку еден човек, додека шестмина се повредени, пренесуваат американските медиуми.

До уривањето дошло околу 2 часот по локално време, а според очевидци, во градот во тој момент имало неповолни временски услови со силни ветрови.

Една жена за Си-ен-ен вели дека таа и нејзиниот сопруг виделе како дигалката паѓа на зградата „Елан Сити Лајтс“ во центарот на Далас, град во американската сојузна држава Тексас, токму кога на тоа подрачје почнал да дува исклучително силен ветер.

Полицијата соопшти дека најмалку еден човек е пронајден мртов во зградата, додека шестмина други се однесени во болница и се во критична состојба.

Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена, но се претпоставува дека силниот ветер имал удел во уривањето на дигалката.