Алармантни податоци: 53 отсто од девојчињата и 19 отсто од момчињата на возраст од 15 години се депресивни
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира на загрижувачките бројки за менталното здравје на младите. Според ХБСЦ студијата, повеќе од половина од девојчињата (53%) и речиси една петтина од момчињата (19%) на 15-годишна возраст доживуваат депресивно расположение. Причините се поврзани со врсничко насилство, исклучување, онлајн малтретирање и други социјални притисоци. „Врсничкото насилство остава …