Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа


Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите. Груевски, кој е осуден со правосилна пресуда за набавка на мерцедесот, побара политички …

Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа Read More »

Во Хрватска најтопол ден во последните 58 години


Во Пазин, Хрватска, вчера се измерени 35,8 степени Целзиусови, што е најтопол јунски ден во последните 58 години, од кога се вршат редовни метеоролошки мерења. Температурниот рекорд е соборен и на локацијата Парг – Чабар во Горски Котар, каде се измерени 32,5 степени, што е за 1,2 степени повеќе од стариот рекорд од 2003 година.

(Фото) Каталонија гори – стотици пожарникари гаснат


Стотици пожарникари се ангажирани за гаснење шумски пожари во регионот Каталонија. Најмалку 500 луѓе се евакуирани, јавија мадридски медиуми. Шпанија е погодена од топлотен бран и според метеоролозите се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови. Пожари загрозија површина од околу 20.000 хектари.

Во Црна Гора уапсен Македонец поради затајување данок


Црногорската полиција соопшти дека во Херцег Нови уапсила Македонец И.А. (45) поради затајување данок и придонеси во износ од околу 100.000 евра. За истото кривично дело осомничен е и неговиот сонародник, О.О. Двете лица биле извршни на фирмата Амир Цо од Тиват каде полицијата извршила претрес.

Во Битола СДСМ постави нов лидер, во Прилеп го остави стариот


Согласно статутарните овластувања, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, назначи уште 40 нови претседатели на општински организации на партијата откако пред две недели беа назначени 30 претседатели. Во вториот бран назначувања беа опфатени неколку поголеми градови во надворешноста. Со прилепската организација повторно ќе раководи Миле Талески. Битолската централа, пак, ќе ја води Златко Ќурчиевски, откако Васко …

Во Битола СДСМ постави нов лидер, во Прилеп го остави стариот Read More »

Гутереш: Светот не може да дозволи судир во Персиски Залив


Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека светот не може да дозволи судир додека се зголемуваат тензиите помеѓу Иран и САД. Тој на маргините на Самитот на Г-20 во Осака наведе дека е „клучно е да деескалира ситуацијата“ и да се избегне судир. Неговата изјава е во момент кога Иран се заканува дека …

Гутереш: Светот не може да дозволи судир во Персиски Залив Read More »

Миле Јанакиески и уште десетмина други заработија кривична пријава


Вкупно 11 кривични пријави се поднесени за злоупотреба на службена должност и несовесно работење, се првичните информации од МВР, по полициската акција утрово на неколку локации во Скопје во која се приведени повеќе лица. Меѓу останатите за кои е поднесена кривична пријава е и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и негови соработници …

Миле Јанакиески и уште десетмина други заработија кривична пријава Read More »

Дескоска: Интеграцијата во ЕУ сериозен и долг процес – бараме да го започнеме


Отворањето на датумот за преговорите за Северна Македонија не значи директен прием на државата во Европската Унија. Најмакотрпната работа за нашата држава започнува со исполнување на европските стандарди, за тоа сме многу свесни и токму таа можност ја посакуваме. Интеграцијата во ЕУ е сериозен, долг процес што бараме да го започнеме, истакна министерката за правда …

Дескоска: Интеграцијата во ЕУ сериозен и долг процес – бараме да го започнеме Read More »

АЕК: Нереално висока сметка за роаминг пријавиле 16 проценти од корисниците


Во 16 проценти од случаите при користење роаминг од корисници од државава имало нереално висока сметка што претставува пад од два процента во однос на минатата година. Повеќето од лицата што добиле висока сметка за роаминг сметаат дека таа се должи на користењето разговори (36 проценти) и користење на интернет (32 проценти), додека 40 проценти …

АЕК: Нереално висока сметка за роаминг пријавиле 16 проценти од корисниците Read More »

ФИТР: Во претселекција 455 домашни компании од повикот за комерцијализација на иновации


Четиристотини педесет и пет домашни компании од јавниот повик за комерцијализација на иновации влегуваат во фазата на прво оценување. Од тие компании, 207 се микро, 221 мали, а 27 средни.   Педесет и шест проценти од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја, информира денеска Фондот за …

ФИТР: Во претселекција 455 домашни компании од повикот за комерцијализација на иновации Read More »

Шекеринска: ЕУ едногласна дека нема аргументи против преговори со Северна Македонија


Во интервју за европскиот веб портал Еурактив, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вели дека одлагањето на одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија не е „најдобрата политика“ и дека министрите на ЕУ едногласно се согласија дека нема аргументи против започнувањето на процесот. -ЕУ министрите одлучија да се навратат на прашањето за неколку месеци. Она …

Шекеринска: ЕУ едногласна дека нема аргументи против преговори со Северна Македонија Read More »

Ракот најчеста причина за смртта во Австрија


Во Австрија минатата година починаа повеќе од 83.000 лица, а најчеста причина за смртта е заболување од рак. Од вкупниот број починати, 43.000 се жени, а 40.000 мажи. Ракот е најчеста причина за смрт кај жените и мажите, а кај останатите причинители постојат разлики. Мажите почесто умираат од инфаркт, како и од последици од алкохол …

Ракот најчеста причина за смртта во Австрија Read More »

Северот на Косово пред хуманитарна криза, нема да работат продавниците


  Претседателот на Здружениото на малостопанственици на север во Косово, Радош Петровиќ изјави дека од понеделник, 1 јули, прехранбените продавници, дуќани и киосци, па дури и пекарите нема да работат на север во Косово. Во изјава за Политика тој рече дека тоа е одлучено на состанок на приватници поради наметнатите царини за производи од Србија …

Северот на Косово пред хуманитарна криза, нема да работат продавниците Read More »

Филипче се пишмани, промена на пол нема да се врши на државна сметка


Министерството за здравство доцна синоќа соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. -Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број  уролошки операции за заштита на здравјето …

Филипче се пишмани, промена на пол нема да се врши на државна сметка Read More »

Меркел останува зад Вебер, но вели: „Не сум семоќна“


Канцеларката Ангела Меркел останува да го поддржува нејзиниот кандидат за претседател на Европската комисија, но им рече на пратениците дека изборот „не зависи само од мене“ и го цитираше отпорот од францускиот претседател Емануел Макрон. Земајќи го предвид византискиот процес на избор на наследник на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија, како и пополнување …

Меркел останува зад Вебер, но вели: „Не сум семоќна“ Read More »

Фотографијата на удавените мигранти ја прогонува Америка


Матаморос – Ужасната фотографија на салвадорскиот мигрант и неговата мала ќерка, кои се удавија во Рио Гранде на границата со САД и Мексико, стана фокус на политичката дебата во Америка за политиката на азил на претседателот Доналд Трамп. Сликата на Оскар Алберто Мартинез (25) и неговата 24-месечна ќерка Енџи Валерија, повторно го насочија вниманието кон …

Фотографијата на удавените мигранти ја прогонува Америка Read More »

Повторно уапсен Миле Јанакиески


Утрово во голема акција на полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уапсен е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се товари за нелегална продажба на државно земјиште. Во акцијата уапсени се нотари, поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. Акцијата се спровела на …

Повторно уапсен Миле Јанакиески Read More »

Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија


Mинистерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на покана на шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, денеска во Софија,  ќе  учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата. Се очекува, како што соопштија од МНР, на состанокот на Советот …

Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија Read More »

Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН: Емоционално зрели и со голема креативна сила, се вложувате сесрдно да ги одржите емоционалните врски во одличен баланс: добро ја канализирате својата енергија и ги разбирате човечките интеракции. Најверојатно сте во процес на поставување позрели основи во некој нов потфат, тежнеејќи да најдете нови партнери и сојузи. Нови импресии. БИК: Тежнеете да остварите искрени …

Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска? Read More »

Дали Трамп повторно ќе победи?


ПЕТАР АРСОВСКИ   Досега доминантната доктрина за тоа кој ќе победи во претседателската трка во САД секогаш била поврзана со економијата. Уште од времето на Бил Клинтон, кој ја имаше онаа позната изрека – „До економијата е, глупчо“, перформансите на бизнисот на САД беа директно поврзани со исходот на претседателските трки. Правилно или погрешно, гласачите …

Дали Трамп повторно ќе победи? Read More »