Северот на Косово пред хуманитарна криза, нема да работат продавниците


 
Претседателот на Здружениото на малостопанственици на север во Косово, Радош Петровиќ изјави дека од понеделник, 1 јули, прехранбените продавници, дуќани и киосци, па дури и пекарите нема да работат на север во Косово.
Во изјава за Политика тој рече дека тоа е одлучено на состанок на приватници поради наметнатите царини за производи од Србија воведени од приштинските институции во ноември минатата година.
Според него, царините од 100 отсто на производи од Србија ги довеле жителите на север во Косово на раб на хуманитарна катастрофа.
Во аптеките веќе 10 денови не стигнуваат пратки со лекови, објави весникот. Не е познато до кога ќе бидат затворени објектите за малопродажба на север во Косово.