(Фото) Каталонија гори – стотици пожарникари гаснат


Стотици пожарникари се ангажирани за гаснење шумски пожари во регионот Каталонија.

Најмалку 500 луѓе се евакуирани, јавија мадридски медиуми.

Шпанија е погодена од топлотен бран и според метеоролозите се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови. Пожари загрозија површина од околу 20.000 хектари.