Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Емоционално зрели и со голема креативна сила, се вложувате сесрдно да ги одржите емоционалните врски во одличен баланс: добро ја канализирате својата енергија и ги разбирате човечките интеракции. Најверојатно сте во процес на поставување позрели основи во некој нов потфат, тежнеејќи да најдете нови партнери и сојузи. Нови импресии.

БИК:
Тежнеете да остварите искрени и сериозни врски со вашите љубени: со чисти намери, сега сте подготвени да го смените своето однесување. Нежни и постојани, разговарате како да го стабилизирате заедничкиот живот и да постигнете финансиска независност: ќе ја инвестирате својата сила во некој проект со големи шанси за успех. Договори.

БЛИЗНАЦИ:
Започнете нова животна фаза, која ќе донесе промена и мудрост: овие искуства ќе ви помогнат да отпатувате кон саканите места или едноставно да се преселите. Одамна очекувате нешто да се смени и времето за размислување е завршено: имате конкретни понуди од страна на личности со пријатен карактер, со кои ќе напредувате во континуитет.

РАК:
И покрај ситните тешкотии, работите се одвиваат солидно: бизнисот цути и сакате да преземете нови одговорности, со кои што ќе напредувате. Ако чувствувате немир, имајте на ум дека тоа набрзо ќе мине и ќе дојдете до договор со саканите. Не дозволувајте си огорченоста да го разјаде вашиот карактер: имате одлична заштита од планетите!

ЛАВ:
Досега требаше да ги научите триковите што ги прави умот: се чини дека ништо не напредува, но не е токму така. Сменете ја перспективата и ќе откриете дека цело време сте на истиот пат откривајќи дека треба да најдете време за мечтаење: така ќе дојдете до креативни солуции, со стабилен карактер. Најдете го повторно својот мир и одморете се.

ДЕВИЦА:
Бидете внимателни кога станува збор за срцето: импулсивноста би можела да ги расипе и најдобрите можности, затоа не брзајте пријатели. Длабоко во себе веќе ги знаете одговорите и до крајот на денот ќе уживате во романтична прегратка. На професионален план ја враќате самодовербата, со отстранувањето на скорешните тешкотии.

ВАГА:
Средба со некоја личност што има силно влијание во вашиот живот: некој што има силна волја и ги инспирира и другите да станат подобри. Уживате затоа што животните услови се подобруваат и оптимизмот ви става нова насмевка на лицето: исполнување на најдлабоките желби и сила да истраете и постигнете успех. Голема емотивна сила.

СКОРПИЈА:
Ќе ги надминете сите свои тешкотии, само ако сте подготвени да направите радикални промени во животот: вардете се од лажните пријатели и луѓе со нејасни мотиви, бидејќи може да дојде до недоразбирање. Сега треба да обрнете поголемо внимание на секојдневните потреби и да се грижите подобро за своето здравје. Сакајте се повеќе!

СТРЕЛЕЦ:
Размислувањето за другите, не нужно ќе ви донесе слава: фокусирајте го своето внимание на своите рани и повреди и ќе откриете дека не сте совршени. Сепак тоа не е причина да изгубите волја и да го минете денот во самокритика, туку да ги надраснете сегашните тешкотии, наоѓајќи го во себе својот внатрешен учител: тој е сè уште тука, зарем не?

ЈАРЕЦ:
До вас пристигнуваат пораки од повеќе правци и сега треба да ја протолкувате нивната содржина: можеби треба да се откажете од нешто во емотивниот живот за да ја вратите надежта. Можни тешкотии, блокади и одолговлекувања на професионален план, кои ќе ги отстраните ако побарате асистенција од пријателите. Играјте тимски!

ВОДОЛИЈА:
Обрнете поголемо внимание на здравјето: планетите укажуваат дека сте обременети со преголема работа, затоа свесно барајте начин да се одморите и освежите. Ќе откриете дека постои надеж за нови почетоци и фази во животот: неочекувани случки кои што ви кажуваат дека каде што нема тигар и зајакот се смета за владетел. Насмејте се повеќе.

РИБИ:
Во вашата работа се отвораат нови можности кои ќе бараат интервенции од страна: внимавајте на комуникацијата и слушајте подобро, за да не пропуштите некој важен факт. Бидете спремни да се мобилизирате и вложете се сесрдно: размислете неколкупати, а потоа дејствувајте и говорете убаво. Да се биде јунак значи да се биде претпазлив. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]