Заев: Рашковски двапати ми понуди оставка


Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, одоговори денеска премиерот Зоран Заев, на 107-та седница на Собранието, на прашање од пратеничката од …

Заев: Рашковски двапати ми понуди оставка Read More »

Ѕидовите на „Нотр дам“ би можеле да паднат поради рекордните горештини


Рекордните жештини кои ја зафатија Европа може да доведат до уривање на ѕидовите на катедралата „Нотр дам“, предупредија стручњаците. Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, вели дека камените ѕидови на катедралата и понатаму се заситени со вода, како последица на гасењето на пожарот во април. Со рекордните температури кои се очекуваат во …

Ѕидовите на „Нотр дам“ би можеле да паднат поради рекордните горештини Read More »

Златко Ќурчиевски нов директор на РЕК Битола


Управниот Одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК Битола. Ќурчиевски на оваа позиција доаѓа од местото директор за производство во РЕК Битола. Златко Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, каде досега извршувал повеќе одговорни функции.

„Нетфликс“ ќе снима мини серија во земјава


Американската компанија „Нетфликс“ во октомври годинава прв пат ќе дојде во земјава за да го снима првиот дел од новата играна серија наречена „Во ноќта“, соопштија на денешна конференција Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и продукцијата „Сестри и брат Митевски“ . Серијата ќе се снима на Аеродромот Скопје. Главниот продуцент е белгиската компанија …

„Нетфликс“ ќе снима мини серија во земјава Read More »

Генералка на Скопје


  Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, …

Генералка на Скопје Read More »

ДУИ бара „Бадентер“ за избор на шефот на новото обвинителство


Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока  корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, иако со новиот предлог-закон што го подготви владата е предвидено оваа постапка да оди преку Советот на обвинители, а не преку парламентот. Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на …

ДУИ бара „Бадентер“ за избор на шефот на новото обвинителство Read More »

Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид


Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автопатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интензитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни …

Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид Read More »

Османи: Мора да има обвинителство за висока корупција и да продолжат предметите на СЈО


Европската комисија на 17 мај кажа дека Република Северна Македонија ги има исполнето критериумите и му препорачува на Советот да одобри датум за преговори, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги исполнува критериумите за почеток на преговори со ЕУ. – …

Османи: Мора да има обвинителство за висока корупција и да продолжат предметите на СЈО Read More »

Загинаа двајца планинари на Матерхорн


Во несреќа во горните делови на прочуената планина Матерхорн загинаа двајца планинари, соопшти швајцарската полиција. Двајца мажи, од кои еден водич, загинале кога карпа што се одделила паднала врз нив. Несреќата се случила вчера утрото на надморска височина од 4.250 метри, а телата им се најдени синоќа на 3.600 метри надморска височина. Властите сега работат …

Загинаа двајца планинари на Матерхорн Read More »

Општината ќе постапи по мислењето на Антикорупциска за распишаните тендери во кои има судир на интереси


Општина Охрид ќе постапи по насоките на Антикорупциската комисија изнесени во мислењето од 16 јули, а во врска со судир на интереси на носители на јавни функции при учество на тендери распишани од локалната самоуправа, најави општината. Мислењето на Антикорупциска доаѓа откако на тендерот за уривање на дивоградби распишан од Општина Охрид се пријави фирма …

Општината ќе постапи по мислењето на Антикорупциска за распишаните тендери во кои има судир на интереси Read More »

Почина претседателот на Тунис


Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, првиот демократски избран шеф на земјата, почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет. Тој претходно денеска беше примен во воената болница во главниот град, трет пат во последните неколку недели, јавија медиумите во оваа земја. Во медиумските извештаи се наведува дека Есебси е примен в болница заради здравствени …

Почина претседателот на Тунис Read More »

Ќе го осрамотиме ли и овој Илинден?


Една недела пред Илинден, зовриената политичка атмосфера дополнително се вжештува пред традиционалниот собир на Мечкин Камен во Крушево, каде што годинава првпат во својство на премиер ќе се обрати Зоран Заев. На социјалните мрежи веќе се споделува повик да им се покаже средниот прст на „северџаните“, што е погрдниот назив за Владата и за сите …

Ќе го осрамотиме ли и овој Илинден? Read More »

Објавен тендер за првата делница од новиот автопат Скопје – ГП Блаце


Јавното претпријатие за Државни патишта (ЈПДП) денеска го објави тендерот за првата делница од автопатот Скопје – Блаце. Првиот дел опфаќа должина од два километрa од ГП Блаце до почетокот на селото Блаце. Како што информираше директорот на ЈПДП Зоран Китанов, тендерот за првите два километрa од новиот автопат е отворен до 4 септември оваа …

Објавен тендер за првата делница од новиот автопат Скопје – ГП Блаце Read More »

Двајца повредени при судир на запрежна кола и автомобил


Судир на запрежна кола и автомобил се случи денеска во Тетово при што се повредени две лица, соопшти СВР Тетово. До судирот дошло на самиот влез во Тетово кај подвозникот пред почетокот на булеварот „Илирија“. -Патничкото моторно возило „Пасат“ со тетовски таблички го управувал Х.К. роден 1988 година од Шипковица, додека запрежната кола со коњ …

Двајца повредени при судир на запрежна кола и автомобил Read More »

Мицкоски пред Хан се пожали на скандалите што го уриваат кредибилитетот на државата


Актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, соопшти партиската прес-служба. Мицкоски изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за …

Мицкоски пред Хан се пожали на скандалите што го уриваат кредибилитетот на државата Read More »

Во МКЦ „Ослободување на Скопје“ за одбележување 56 години од земјотрсот


Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење. Одбележувањето …

Во МКЦ „Ослободување на Скопје“ за одбележување 56 години од земјотрсот Read More »

Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега


Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега. За да се дојде до овие заклучоци истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори, вклучувајќи ги прстените на дрвјата и ледените моркови, јавува дописникот на МИА. Термометарот никогаш не се искачи толку брзо. Во текот на изминатите 2000 години, глобалните температури никогаш не …

Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега Read More »

Гувернерот на Порторико најави оставка


Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, синоќа изјави дека ќе поднесе оставка следната недела. -Надлежностите на функцијата гувернер ги отстапувам од 2 август, ја пренесоа неговата изјава американски медиуми. Заминувањето на гувернерот доаѓа по скандал со објавени соопштенија на Телеграм во кои тој и негови советници навредуваат жени, избирачи, новинари но и го критикуваат пејачот Рики …

Гувернерот на Порторико најави оставка Read More »

Клеветата и криминалот не се решаваат со „извини“


Бизнисменот Зоран Азманов и ексгенералниот секретар на владејачката СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, кого неодамна го зафати внатрепартиската „метла“, се „закачија“ околу аферата „Рекет“, која и натаму го тресе општеството, но бргу се „откачија“ излегувајќи од јавниот дуел засега без гребнатинки. Извинувањето железни врати отвора – така е тоа во општество со хронична слабост на …

Клеветата и криминалот не се решаваат со „извини“ Read More »

Албанија бара итно мислење од Венецијанската комисија во врска со разрешувањето на претседателот Мета


Албанскиот законодавен дом, по предлог на анкетната комисија побара од Венецијанската комисија итно мислење околу разрешувањето на претседателот Илир Мета. Во барањето кое е потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одовор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката по постапката што ја почна мнозинството за негово разрешување …

Албанија бара итно мислење од Венецијанската комисија во врска со разрешувањето на претседателот Мета Read More »