Загинаа двајца планинари на Матерхорн


Во несреќа во горните делови на прочуената планина Матерхорн загинаа двајца планинари, соопшти швајцарската полиција.
Двајца мажи, од кои еден водич, загинале кога карпа што се одделила паднала врз нив.
Несреќата се случила вчера утрото на надморска височина од 4.250 метри, а телата им се најдени синоќа на 3.600 метри надморска височина.
Властите сега работат на официјална идентификација на жртвите. За сега не се знае што го предизвикало паѓањето на карпата.
Матерхорн е врв со височина од 4.478 метри, еден од највисоките и најпрочуени од Алпите. Тој се протега на границата меѓу Швајцарија и Италија.