Мал пораст на починати и новозаразени во Шпанија


  Шпанија извести за незначителен пораст на бројот на починати и заразени од корона вирусот во последните 24 аса, а надлежните внимателно ги набљудуваат податоците за да ги утврдат ефектите од попуштањето на мерките. Забележаната смртност во Шпанија надмина 27.000 луѓе, со новите 184 случаи, што се за осум повеќе од вчера. Има и 400 …

Мал пораст на починати и новозаразени во Шпанија Read More »

Шведска ќе ангажира до 10.000 здравствени работници поради пандемијата


Шведска денеска објави дека сака да ангажира до 10.000 здравствени работници и негователи на постојан договор за подобрување на грижата што им се пружа на старите лица. Состојбата со грижата за старите лица и недостигот на персонал во таа област е критична, а тоа излезе на виделина при избувнување на епидемијата. Одлуката на властите е …

Шведска ќе ангажира до 10.000 здравствени работници поради пандемијата Read More »

Европската Комисија не поддржува „имунолошки пасоши“


Европската комисија смета дека принципот на „имунолошки пасоши“ за преминување граници не е ефикасен во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача дека нема убедливи научни докази за ваков вид на решенија. -Нема научни веродостојни докази да се поддржат имунолошките …

Европската Комисија не поддржува „имунолошки пасоши“ Read More »

Реализирани 83 проценти од работите на експресниот пат Штип – Радовиш


Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш се одвива со одлично, забрзано темпо. Реализацијата на работите е извршена до 83 проценти, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок, истакна при денешниот увид на градежните работи на првата фаза  од клучка Штип-југ до Бучим на експресниот пат, премиерот Оливер …

Реализирани 83 проценти од работите на експресниот пат Штип – Радовиш Read More »

Вирусот стигна и во последната африканска земја


  Малата држава Лесото го пријави првиот позитивен случај од ковид-19, па така стана последната од 54 африкански земји во која стигна вирусот. Министерството за здравство на Лесото денеска соопшти дека едно лице кое допатувало во земјата деновиве, е позитивно тестирано на корона вирус, но нема сиптоми. Првиот пациент во Лесото е изолиран. Лесото е …

Вирусот стигна и во последната африканска земја Read More »

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори. -Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за …

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија Read More »

Милошев: Мерките за справување со корона вирусот дадоа позитивни резултати


Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, денеска учествуваше на меѓународна видеоконференција за размена на мерките за превенција и контрола, како и размена на искуствата и предизвиците во дијагностика и третман, балансот меѓу нормалната економска и социјална активност, како и потребите од епидемиолошка контрола поврзани со коронавирусот во светот. – Ги поставивме мерките за …

Милошев: Мерките за справување со корона вирусот дадоа позитивни резултати Read More »

Меркел сака целосно укинување на граничните контроли во Шенген од 15 јуни


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака од 15 јуни да биде укината вонредната гранична контрола воведена во Шенген зоната поради коронавирусот. – Ако состојбата на заразата го дозволи тоа, сакам да повторам дека од 15 јуни граничните контроли во Шенген зоната можат целосно да бидат укинати, рече Меркел во Бундестагот.

Јавниот превоз во Скопје ќе се нормализира паралелно со попуштањето на мерките


Јавниот превоз во главниот град, кој од воведувањето на полицискиот час, има двократно работно време, се очекува да се нормализира паралелно со етапното олабавување на мерките. – Имајќи предвид дека во претстојниот период мерките ќе попуштаат, очекувам дека тоа паралелно ќе го следи и ослободувањето на јавниот превоз. Не се работи за самоиницијативни одлуки на …

Јавниот превоз во Скопје ќе се нормализира паралелно со попуштањето на мерките Read More »

ЕК: Нема да има „нормално лето“, но нема ни да го пропуштиме


Европската комисија усвои пакет мерки со кои треба да се обезбеди враќање на туризмот и патувањата ова лето. Предложено е фазно и координирано олеснување на рестриктивните мерки кои се однесуваат на слободата на движење на граѓаните. Тоа треба да се заснова на проценка на епидемиолошката ситуација, примена на мерки за спречување на ширење на вирусот …

ЕК: Нема да има „нормално лето“, но нема ни да го пропуштиме Read More »

Нова донација од Норвешка во вредност од 100.000 евра за медицински материјали


Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и аташето за одбрана на Норвешка Егил Далтвеит потпишаа Протоколот за донација од Норвешка за Република Северна Македонија во потрошен медицински материјал во износ од 100 илјади евра. Овие средства, соопштија денеска Министерство за одбрана, се дополнување на 200 илјади евра што Норвешка веќе …

Нова донација од Норвешка во вредност од 100.000 евра за медицински материјали Read More »

Анонимни граѓани ја посадиле тревата на плоштадот, Градот немал право


Просторот на плоштад Македонија каде требаше да никне објектот „Шпански скали“ и натаму ќе остане јавен простор, тврди градонаќалникот Петре Шилегов, а вели дека тревата е посадена од анонимни граѓани. Оваа парцела, која до пред некој ден беше ископана и со земја, сега е убаво уреден тревник околу кој има пашачки патеки со клупи за …

Анонимни граѓани ја посадиле тревата на плоштадот, Градот немал право Read More »

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 15 мај, ќе сведочат Стефан Младеновски и Весел Мемеди


Судењето за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието продолжува на 15 мај годинава, кога треба да бидат сослушани сведоците Стефан Младеновски и Весел Мемеди. На денешното рочиште сведочеше Антонио Кочков, кој рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржувал протестите на движењето „За заедничка Македонија“. – Имавме вибер група преку која комуницираме …

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 15 мај, ќе сведочат Стефан Младеновски и Весел Мемеди Read More »

Кон: Границата на Србија со Северна Македонија се отвора на 1 јуни поради тоа што не е жариште на коронавирус


Србија целосно ќе ги отвори границите од 1 јуни, но само со четири соседни земји, со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот, изјави епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон. Како што јави дописникот …

Кон: Границата на Србија со Северна Македонија се отвора на 1 јуни поради тоа што не е жариште на коронавирус Read More »

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета


Не е направена никаква штета, мејловите што излегоа во некои портали се стари. Се работи за дата база која била користена пред седум-осум години, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по пишувањата во дел од порталите дека бил хакиран системот на Министерството за економија и земени податоци за мејлови и пасворди од вработени. – …

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета Read More »

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од корона вирусот како и за останатото население. -Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е …

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години Read More »

Денеска има 20 новозаболени, оздравеле 24, но починати се три лица


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти. – Скопје 12 – Прилеп 7 – Тетово 3 – Кавадарци 1 – Пехчево 1 Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања …

Денеска има 20 новозаболени, оздравеле 24, но починати се три лица Read More »

Почна скринингот – први се тестираат вработените во градинките


Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19. „Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека …

Почна скринингот – први се тестираат вработените во градинките Read More »

Во Русија повторно над 10.000 заразени со коронавирусот за еден ден


Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.028 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 242.227. Руските здравствени власти соопштија дека од вкупниот број нови пациенти, 4.461, или 44,5 проценти, немаат никакви симптоми. Русија од вчера е на второ место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, после САД.

Комората на угостители ги очекува протоколите за нивната работа, предлагаат мерки за поддршка на угостителството


Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат, вели Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК, кој денеска го претстави сетот на мерки за реализација на кампања чија цел е поддршка за секторот, да се постават нови стандарди за работа, за долгорочно да се придонесе за подобрување и …

Комората на угостители ги очекува протоколите за нивната работа, предлагаат мерки за поддршка на угостителството Read More »