Шведска ќе ангажира до 10.000 здравствени работници поради пандемијата


Шведска денеска објави дека сака да ангажира до 10.000 здравствени работници и негователи на постојан договор за подобрување на грижата што им се пружа на старите лица.

Состојбата со грижата за старите лица и недостигот на персонал во таа област е критична, а тоа излезе на виделина при избувнување на епидемијата.

Одлуката на властите е од договор постигнат меѓу Владата, главниот синдикат и општинските власти одговорни за грижа на старите лица.

Од 3.400 луѓе кои ги загубија животите во епидемијата речиси половината се регистрирани во домови за грижа на стари лица. До 28 април, 90 отсто од смртните случаи беа лица со најмалку 70 години.