Мал пораст на починати и новозаразени во Шпанија


 

Шпанија извести за незначителен пораст на бројот на починати и заразени од корона вирусот во последните 24 аса, а надлежните внимателно ги набљудуваат податоците за да ги утврдат ефектите од попуштањето на мерките.

Забележаната смртност во Шпанија надмина 27.000 луѓе, со новите 184 случаи, што се за осум повеќе од вчера.

Има и 400 нови злучаи на зараза, па вкупниот број се искачи на повеќе од 228.600.

Тестовите за проверка на антителата, со кои се утврдува дали некои го прележал корона вирусот, покажаа дека најмалку уште 42.000 луѓе биле заразени. Повеќе од 140.000 луѓе оздравеа од Ковид-19.