Во Карпош се поставија полуподземни контејнери


Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител „Молок“ кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. „Никола …

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери Read More »

Чаир со најголем број активни случаи со Ковид-19, следат Бутел, Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош


Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи…, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче …

Чаир со најголем број активни случаи со Ковид-19, следат Бутел, Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош Read More »

Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89


Во последното деноноќие од последиците од Ковид-19, во земјава починаа седум пациенти, меѓу кои и жена на возраст од 46 години, од Тетово. Другите жртви се на возраст од 54 до 87 години. Министерството за здравство соопшти дека регистрирани се и шест оздравени пациенти од Скопје, Прилеп и од Велес. Во последните 24 часа се …

Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89 Read More »

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина


Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јави дописникот на МИА од Љубљана. Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите оние кои немаат или не се во …

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина Read More »

Во Кичево приведени четворица млади, по меѓусебна физичка пресметка


Кичевчани на првиот ден од неделава во центарот на градот меѓусебно физички се пресметувале, а по реакција на полициски службеник со предупредувачки истрел од пиштол  во воздух тие престанале и биле приведени. Како што информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, во полициската станица во Кичево, приведени се А.И.(22),Ф.Ч.(23),Ф.К.(18),А.К.(22), сите од Кичево. Тие на 8 …

Во Кичево приведени четворица млади, по меѓусебна физичка пресметка Read More »

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Кoвид-19 не помагаат никому


Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски апелира пандемијата со Корона вирусот да биде оставена надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника, вели, е само на наша штета. -Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да …

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Кoвид-19 не помагаат никому Read More »

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19. -Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6-ти месецов, кога е потврдено дека е …

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19 Read More »

Речиси 600 починати во еден ден во Мексико од корона вирус


  Мексиканското министерство за здравство соопшти дека во земјата потврдени се уште 4.199 случаи на корона вирус и уште 596 смртни случаи. Со тоа вкупниот број заразени во Мексико достигна до 124.301, а од последиците на ковид-19 починаа вкупно 14.649 луѓе, пренесе Ројтерс. Владата соопшти дека бројот на заразени е значително поголем од официјалните податоци.

Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на јуни


Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Ова го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот. – Мора да се навикнеме да живееме со овој вирус, рече Борисов. Главниот   државниот санитарен инспектор,   Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради …

Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на јуни Read More »

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто …

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска Read More »

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо


Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници. Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички. – Длабоко се извинуваме што им …

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо Read More »

Вашингтон гласаше за реформи во полицијата


Градскиот совет во Вашингтон едногласно ги одобри полициските реформи што ги бараа демонстрантите по убиството на Џорџ Флојд и усвоените измени ќе важат 90 дена. Ќе се бара второ гласање за натамошно продолжување. Според „Вашингтон пост“, новите измени вклучуваат, меѓу другото, забрана за полицијата за употреба на задушувачки зафати за време на приведување како и …

Вашингтон гласаше за реформи во полицијата Read More »

Почина претседателот на Бурунди


  Претседателот на Бурунду Пјер Нкурунзуза почина во понеделникот од инфаркт, соопшти денеска тамошната влада. „Владата на Бурунду со исклучително голема тага соопштува дека неочекувано во болница во Каруза од последици од срцев удар почина претседателот Пјер Нкурунзиза“, се наведува во соопштението. На претседателот му се слошило во саботата и сам отишол во болница, наведува …

Почина претседателот на Бурунди Read More »

Груби: Убеден сум дека сите партии ќе учествуваат на изборите, можност да се гласа во неколку дена


Артан Груби од ДУИ вечерва во Отворено студио на ТВ 24 вести рече дека неговата партија останува на одлуката изборите да се одржат во јули, изразувајќи уверување дека сите партии ќе учествуваат на изборите. – Јас сум убеден дека било кој термин да го определиме за одржување на избори, сите партии ќе учествуваат, зошто не може …

Груби: Убеден сум дека сите партии ќе учествуваат на изборите, можност да се гласа во неколку дена Read More »

Германија до 31 август нема да прима граѓани од други држави освен од ЕУ


  Германија планира да ја продолжи забраната за доаѓање на граѓани од други држави што не се членки на Европската унија, до 31 август, изјавија неименувани извори од германската влада, за Ројтерс. Се очекува кабинетот да ја усвои таа одлука утре. Германија е подготвена да ја укине забранат за патување за државите членки на Европската …

Германија до 31 август нема да прима граѓани од други држави освен од ЕУ Read More »

Царовска: Ако можеме во маркет, можеме и на избори


Сите засегнати страни треба да учествуваат на изборите, а кај нас опозицијата бара да нема функционален парламент, кога сите опозиции во светот го бараат спротивното. Барањето за предвремени избори доаѓаше токму од опозицијата, тие учествуваа во целиот процес и се во техничката и пржинската влада и имаат бројче за изборното ливче што значи дека се …

Царовска: Ако можеме во маркет, можеме и на избори Read More »

Гутереш: Нема забрана за учество на антирасистички протести


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска им порача на вработените во светската организација дека не им е забрането да се приклучат на антирасистичките протести кои се одржуваат во САД и останатите земји. Во писмото, кое има за цел да ги отстрани сите недоумици во врска со упатствата на ОН, Гутереш наведе дека вработените во …

Гутереш: Нема забрана за учество на антирасистички протести Read More »

Влада: Ако не се почитува самоизолација, државен карантин на своја сметка


Владата на денешната седница донесе Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба. Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои …

Влада: Ако не се почитува самоизолација, државен карантин на своја сметка Read More »

Во Србија денеска регистрирани 69 нови случаи, нема починати


  Во последните 24 часа, во Србија регистрирани се нови 69 случаи со Ковид-19, а вкупно беа тестирани 5.239 луѓе. До сега регистрирани се 11.965 случаи. Денеска нема починати пациенти од Ковид-19. Во Србија има 447 активни случаи, а 15 пациенти се на респиратор.

Во Шпанија маските задолжителни до пронаоѓање лек или вакцина


Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, ќе остане во сила додека не се најде лек или вакцина против коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство на таа земја, Салвадор Илја. – Шпанците мора да продолжат да носат маски во затворено и на отворено …

Во Шпанија маските задолжителни до пронаоѓање лек или вакцина Read More »