Почина претседателот на Бурунди


 

Претседателот на Бурунду Пјер Нкурунзуза почина во понеделникот од инфаркт, соопшти денеска тамошната влада.

„Владата на Бурунду со исклучително голема тага соопштува дека неочекувано во болница во Каруза од последици од срцев удар почина претседателот Пјер Нкурунзиза“, се наведува во соопштението.

На претседателот му се слошило во саботата и сам отишол во болница, наведува владата и додава дека другиот ден, во неделата подобро се чувствувал. Но, состојбата нагло му се влоѓила во понеделникот и починал.

Нкурунзиза е роден 1964 година, беше претседател на Бурунди од 2005 година.

Неговиот мандат истекуваше во август годинава, кога требаше да ја предаде власта на новиот претседател Еверист Ндајимишие, избран на изборите на 20 мај.

Тие избори се одржаа покрај пандемијата од корона вирус.