Германија до 31 август нема да прима граѓани од други држави освен од ЕУ


 

Германија планира да ја продолжи забраната за доаѓање на граѓани од други држави што не се членки на Европската унија, до 31 август, изјавија неименувани извори од германската влада, за Ројтерс.

Се очекува кабинетот да ја усвои таа одлука утре.

Германија е подготвена да ја укине забранат за патување за државите членки на Европската Унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, доколку нема забрана за влез во земјите и други обемни рестриктивни мерки.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас минатата недела ги повика Германците да не патуваат во Бртианија се додека таму е на сила 14-дневниот карантин за за туристи.

Додаде дека Берлин ги советува своите државјани да не одат на крстарење поради посебни ризици од корона вирус.