Автобусите на ЈСП не застануваат на постојките кај „Меркур“ и „Автодорм“


Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје, денеска соопштија дека поради градежни работи на булевар „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, вон функција се постојките кај Меркур и Автодром, автобусите застануваат само на постојките кај Алкалоид и СЕТУ „Михајло Пупин“. Истовремено, поради тековната реконструкција на булеварот, линија 2 во правец кон Автокоманда сообраќа преку „Пивара“. …

Автобусите на ЈСП не застануваат на постојките кај „Меркур“ и „Автодорм“ Read More »

Купивте мебел од ИКЕА? Сега може да им го продадете назад


  Најголемата светска компанија која продава мебел, шведска ИКЕА, најави интересна иницијатива. Како што јави Ројтерс, луѓето кои од некоја причина се заситиле од парчињата мебел од ИКЕА, сега ќе може да ѝ ги продадат на самата компанија. Програмата „Buy Back” е најавена вчера, а целта е компанијата да стане потполно сиркуларна, климатски позитивен бизнис …

Купивте мебел од ИКЕА? Сега може да им го продадете назад Read More »

Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот


Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут, во руското летало Сојуз, од космодромот во Бајанкур, Казахстан беше успешно лансирана кон меѓународната вселенска станица. Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало што ќе се поврзе со меѓународната вселенска станица во орбитата многу побрзо од претходните, за помалку од три часа и …

Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот Read More »

ОН предупредува: Светот ќе стане „ненаселив пекол“


Во извештајот на Обединетите нации е наведено дека во последните 20 години забележан е фрапантен раст на природните катастрофи и дека тоа е последица на климатската криза. Согласно тоа, од ОН истакнуваат дека светот ќе стане „ненаселив пекол“ за милиони луѓе доколку тој проблем не го решат надлежните. Истражувачите укажаа на неуспехот на политичките и …

ОН предупредува: Светот ќе стане „ненаселив пекол“ Read More »

Сериозна полемика: Дали е фер вработените луѓе со деца да имаат поголеми бенефиции отколку колегите без деца?


Кога корона вирусот ги затвори училиштата и градинките, претворајќи го родителството во мултитаскинг кошмар, многу компании од технолошкиот сектор сакаа да им помогнат на своите вработени. Тие понудија нови поволности, вклучително и дополнителни слободни денови за родителите. Не помина долго и работниците без деца почнаа да го поставуваат прашањето: А ние? Вработените во Фејсбук на …

Сериозна полемика: Дали е фер вработените луѓе со деца да имаат поголеми бенефиции отколку колегите без деца? Read More »

Во Германија регистрирани повеќе од 5.000 новозаразени


Бројот на потврдени случаи на корона вирус во Германија е зголемен во последните 24 часа за 5.132, објави Институтот за инфективни болести . Од последниот пресек, како што пренесува „Ројтерс утрово“, 40 лица починале како резултат на зараза со корона вирус. Вкупно 33.585 лица се заразени од почетокот на пандемијата во Германија, а 9.677 луѓе …

Во Германија регистрирани повеќе од 5.000 новозаразени Read More »

На свадба во Хрватска во услови на корона, танцување дозволено само за младенците и нивните родители


– Хрватскиот Завод за јавно здравје објави нови препораки за свадби, според кои танцувањето е дозволено само за младенците и нивните родители, или за членовите на блиското семејство, на почетокот на прославата, а после тоа не е дозволено танцување. За време на свадбената прослава, се препорачува физичко растојание од еден и пол метар во сите …

На свадба во Хрватска во услови на корона, танцување дозволено само за младенците и нивните родители Read More »

Црна Гора со 218, Србија – 152, Косово со 98 новозаразени


  Во Црна Гора во последните 24 ласа од анализирани 649 примероци, регистрирани се 218 новозаразени со корона вирус, а забележани се два смртни случаи. Најмногу новозаразени има во Подгорица – 84, а оздравеле 143 пациенти. Активни се 3.992 случаи. Во Србија пак, денеска се забележани 152 нови случаи на коронавирус. Две лица починале од …

Црна Гора со 218, Србија – 152, Косово со 98 новозаразени Read More »

Нови мерки во Италија откако беа забележани 5.901 новозаразени


Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска објави нови мерки против ширењето на коронавирусот откако во Италија беа пријавени 5.901 нов случај, најмногу од крајот на март. Италијанската влада по вторпат ги заостри мерките во текот на оваа недела, иако ситуацијата во земјата е помалку сериозна отколку во другите европски земји како Велика Британија и Шпанија. – …

Нови мерки во Италија откако беа забележани 5.901 новозаразени Read More »

Наумче Мојсоски назначен за директор на Агенцијата за млади и спорт


Долгогодишниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски, од денеска официјално е нов директор на Агенцијата за млади и спорт. „Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојсоки, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, се вели во одлуката на Владата. Мојсовски доаѓа на оваа функција на местото …

Наумче Мојсоски назначен за директор на Агенцијата за млади и спорт Read More »

Дамјан Манчевски се повлекува од политиката


Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и пратеник од СДСМ Дамјан Манчевски денеска на својот Фејсбук профил објави дека донел одлука да се повлече од политиката и да се посвети на својата професија. „Дозволете да ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината …

Дамјан Манчевски се повлекува од политиката Read More »

Ќе се гради брана на реката Слупчанска, Владата ја одобри инвестицијата вредна 22 милиона евра


По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја донесе Информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска. Инвестицијата вредна околу 22 милиона евра или 1.342.000.000 денари, ќе треба да се реализира за четири години. -Ова е најголемата капитална инвестиција што …

Ќе се гради брана на реката Слупчанска, Владата ја одобри инвестицијата вредна 22 милиона евра Read More »

Бочварски: Не се кратат пари за железницата, проектите продолжуваат


– За изградба на железницата има пари, тие не се кратат и ќе се стават на сметката на Буџетот во моментот кога ќе имаме изведувач, кој ќе почне да ја реализира повторно изградбата на првата делница од Куманово до Бељаковце, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање. Изведувачот на …

Бочварски: Не се кратат пари за железницата, проектите продолжуваат Read More »

Аеродром го помина Центар по број на активни случаи со Ковид – 19


Со последните 80 нови случаи на заболени од Ковид-19, според завршените епидемиолошки анализи во моментов во Скопје има активни 1.802 активно заболени пациенти. Дистрибуцијата по општини покажува дека Аеродром со 338 случаи го надмина Центар кој денеска има 328 активно заболени, а трета општина е Карпош со 317. Чаир – 89 • Гази Баба – …

Аеродром го помина Центар по број на активни случаи со Ковид – 19 Read More »

МОН: 42 ученици и 65 наставници се заболени од Ковид-19


Министерството за образование и наука информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на Ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование. Во однос на основните училишта, МОН наведува …

МОН: 42 ученици и 65 наставници се заболени од Ковид-19 Read More »

Празнично, само 80 нови случаи со Ковид-19, починаа тројца


Во последните 24 часа, со оглед на тоа што беше празник, направени се само 680 тестирања,  а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 54 -Куманово 1 -Тетово 3 -Велес 4 -Кавадарци 2 -Гостивар 7 -Крива Паланка 1 -Кочани 3 -Виница 2 -Делчево 1 -Свети Николе 2 Починати се 3 лица, пациенти од …

Празнично, само 80 нови случаи со Ковид-19, починаа тројца Read More »

Бугарија со црн рекорд: Починаа 23 пациенти со Ковид-19


Нов црн рекорд по бројот на смртни случаи е забележан во Бугарија, каде што 23 лица ја загубија битката со болеста, со што вкупниот број на жртви достигна 915 лица. Новозаразени се 587 луѓе од извршени 4.320 ПЦР-теста. Во болниците се хоспитализирани 1.221 заразено лице, а 65 од нив се сместени на одделенија за интензивна …

Бугарија со црн рекорд: Починаа 23 пациенти со Ковид-19 Read More »

Шилегов: Серава и Лепенец можат да го красат нашиот град


Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Серава, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година. Предмет на оваа …

Шилегов: Серава и Лепенец можат да го красат нашиот град Read More »

Босна и Херцеговина и Хрватска пријавија над 300 нови случаи со Ковид-19


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 336 нови случаи со корона виурс. Починаа 11 пациенти. Од нив 228 се заболени во Федерацијата, а 106 од Република Српска, како и двјца од Дистриктот Брчко. Десетмина од починатите се од Федерацијата, а еден од РС. Во Хрватска пак регистрирани се 372 нови …

Босна и Херцеговина и Хрватска пријавија над 300 нови случаи со Ковид-19 Read More »

Полскиот премиер во самоизолација по контакт со заразен со корона вирус


Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки соопшти дека ќе биде во самоизолација и се префрла на работа од далечина, откако е утврдено дека бил во контакт со лице заразено со новиот корона вирус. „Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест за Ковид-19. Во согласност со санитарните правила, јас сум во карантин”, …

Полскиот премиер во самоизолација по контакт со заразен со корона вирус Read More »