Наумче Мојсоски назначен за директор на Агенцијата за млади и спорт


Долгогодишниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски, од денеска официјално е нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

„Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојсоки, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, се вели во одлуката на Владата.

Мојсовски доаѓа на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој не се прослави за време на директорувањето со АМС. Тој во следните четири години ќе биде пратеник во Собранието.