Аеродром го помина Центар по број на активни случаи со Ковид – 19


Фото: Б. Грданоски

Со последните 80 нови случаи на заболени од Ковид-19, според завршените епидемиолошки анализи во моментов во Скопје има активни 1.802 активно заболени пациенти.

Дистрибуцијата по општини покажува дека Аеродром со 338 случаи го надмина Центар кој денеска има 328 активно заболени, а трета општина е Карпош со 317.

  • Чаир – 89

• Гази Баба – 171

• Аеродром – 338

• Карпош – 317

• Центар – 328

• Кисела Вода – 209

• Ѓорче Петров – 154

• Бутел – 70

• Шуто Оризари – 13

• Студеничани – 3

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 31

• Сопиште – 12

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 6

• Зелениково – 3

• Странец – 14

• Нераспределен – 20