Купивте мебел од ИКЕА? Сега може да им го продадете назад


 

Најголемата светска компанија која продава мебел, шведска ИКЕА, најави интересна иницијатива.

Како што јави Ројтерс, луѓето кои од некоја причина се заситиле од парчињата мебел од ИКЕА, сега ќе може да ѝ ги продадат на самата компанија.

Програмата „Buy Back” е најавена вчера, а целта е компанијата да стане потполно сиркуларна, климатски позитивен бизнис до 2030 година.

Мебелот нема да се откупува за пари, туку за ваучер

Искористениот мебел купен во ИКЕА, компанијата нема да ви го откупи и за тоа да ви даде пари. Туку. ваучери.

Вредноста на ваучерот ќе зависи од состојбата во која се наоѓа користениот мебел. Па така за „како нов“ плакар, ќе добиете ваучер на 50 отсто од куповната вредност, за „многу добро“ зачуван мебел 40 отсто, а „добро искористен“ ваучер во висина од 30 отсто од цената која сте ја платиле за него.

ИКЕА иницијативата за откупување ќе ја почне на 24 ноември и ќе заврши на 3 декември, но акцијата ќе трае и понатаму.