Мутираната варијанта на корона вирусот откриена и во Австрија


 Мутираната варијанта на новиот корона вирус, која првпат беше откриена во Велика Британија, пронајдена е и во Австрија, соопшти денеска австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер. Со новата варијанта заразени се четири лица во главниот град Виена, рече Аншобер. Сите четири лица биле доброволно тестирани на аеродромот во Виена. Меѓу заразените е и 12-годишно девојче …

Мутираната варијанта на корона вирусот откриена и во Австрија Read More »

Фаучи најави забрзана вакцинација во САД


Д-р Ентони Фаучи, главен експерт за заразни болести во САД, изрази надеж дека наскоро ќе се забрза текот на вакцинацијата. – Не сме таму каде што сакаме да бидеме, нема сомнеж во тоа- рече д-р Фаучи за време на интервјуто за ABC News. Досега се дистрибуирани 13 милиони дози вакцини низ САД, но вакцинирани се …

Фаучи најави забрзана вакцинација во САД Read More »

Синот на Фрањо Туѓман на респиратор


  МИрослав Туѓман, пратеник на ХДЗ во хрватскиот Сабор и син на првиот хрнатски претседател Фрањо Туѓман, примен е во болница во Клиниката за заразни болести во Загреб поради компликации со корона вирусот. Од неселата се наоѓа на респиратор, пренесе „Вечерњи лист“, а со денови се борел со Ковид-19. Имал добри и лоши денови, но …

Синот на Фрањо Туѓман на респиратор Read More »

Докторка од Италија позитивна на Ковид-19 откако ја примила вакцината


Антонела Франко, директорка на Одделот за инфективни болести во болницата „Умберто I“ во Сиракуза, Италија, за италијанските медиуми изјавила дека е позитивна на Ковид-19 откако е вакцинирана. Таа рекла дека вакцината повторно ќе ја прими. -Повторно ќе бидам вакцинирана (потребно е да се вакцинира двапати), бидејќи тоа е единствената шанса да победам во оваа борба. …

Докторка од Италија позитивна на Ковид-19 откако ја примила вакцината Read More »

Само 106 новозаразени, но од 761 тестирани, починати се 20 пациенти


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5, Штип-18, Прилеп-51, Тетово-8, Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, …

Само 106 новозаразени, но од 761 тестирани, починати се 20 пациенти Read More »

Во Словенија пристигнаа вакцините за медицинските лица


Словенечкото Министерство за здравство денеска соопшти дека во земјата пристигна контингент од 16.575 вакцини против коронавирусот за вакцинирање на здравствени работници. За една недела се очекува нова испорака на вакцини со која се планира вакцинација на постарите граѓани и хронично болните пациенти. Агенцијата СТА наведува дека секретарот на Владата на Словенија, Марија Магајне, изјавил дека …

Во Словенија пристигнаа вакцините за медицинските лица Read More »

Коцарев: За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика


Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската. Ова го истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Телма, кој вели дека Денот на светите …

Коцарев: За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика Read More »

Филипче: Состојбата се подобрува, но нема олабавување на мерките


Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и  најмалку уште толку во април. Се чека датум кога  ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени …

Филипче: Состојбата се подобрува, но нема олабавување на мерките Read More »

„Модерна“ најави поголемо производство на вакцини


Компанијата „Модерна“ најави зголемување на минималното производство на вакцини за 100 милиони дози. Наместо плановите за производство на најмалку 500 милиони дози вакцини во 2021 година, „Модерна“ најави дека долната граница на производство ќе биде 600 милиони дози. Со оглед на тоа што на САД им требаат големи количини, компанијата одлучи да инвестира во нови …

„Модерна“ најави поголемо производство на вакцини Read More »

Полска започна истрага поради вакцинирање познати преку ред


Полското Министерство за здравство започна истрага откако беше утврдено дека неколку познати личности преку ред примиле вакцина против корона вирусот, а министерот за здравство вели дека е „згрозен“ од тоа. Полска започна со вакцинација на 27 декември, а први на приоритетната листа се здравствените работници. Меѓутоа, во меѓувреме е откриено дека 18 славни личности, вклучително …

Полска започна истрага поради вакцинирање познати преку ред Read More »

Хрватската влада прогласи катастрофа на подрачјата погодени од земјотресот


Хрватската влада денеска прогласи состојба на катастрофа во две жупании кои се најтешко погодени во земјотресот. „Ние прогласуваме катастрофа денеска. Добивме информации од терен и низ системот за цивилна заштита за размерите на штетите и последиците на нормалното функционирање во животот. Уверени сме дека новата структура ќе помогне и на претставниците на подрачната и локалната …

Хрватската влада прогласи катастрофа на подрачјата погодени од земјотресот Read More »

Се намалува бројот на заразени во Србија, денеска 2.715, а починаа 39 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа забележани се нови 2.715 нови случаи со корона вирус, а починаа 39 лица. Во Србија од првиот регистриран случај на 6 март, досега забележани се 346.585 заразени. Од последиците од Ковид-19 починаа 3.364, а во последното деноноќие 39. Епидемиологот Предраг Кон утрово рече дека вакцината треба да се …

Се намалува бројот на заразени во Србија, денеска 2.715, а починаа 39 пациенти Read More »

Нови кадровски зајакнувања на Природно-математичкиот факултет


На Природно-математичкиот факултет потребни им се научници кои од студенти ќе станат дел од академскиот свет. Токму затоа, заедно со Министерството за финансии и премиерот Зоран Заев успеавме да обезбедиме согласност да остварат вработувања, но и понатаму да вложуваат, затоа што науката мора да се развива, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. …

Нови кадровски зајакнувања на Природно-математичкиот факултет Read More »

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 911 пациенти со Ковид-19


 Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово …

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 911 пациенти со Ковид-19 Read More »

Владиниот тим за евроинтеграции на координација за проблемот со Бугарија


 Мислам дека изборите се несоодветен момент за решавање на вака политичко сензитивни прашања, посебно прашања во коишто барем нашата страна не може да утврди каде е проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање до каде сме во решавањето на отворените прашања со Софија и дали смета дека тоа е можно до март …

Владиниот тим за евроинтеграции на координација за проблемот со Бугарија Read More »

Заев: Продолжува надоградувањето на концептот за едно и еднакво општество за сите


Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се вселува во новата владина зграда. Увид на вселувањето денеска изврши премиерот Зоран Заев кој изјави дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите. – Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни …

Заев: Продолжува надоградувањето на концептот за едно и еднакво општество за сите Read More »

Костадинов: Од канабисот можен е прилив од 250 милиони евра


Со стратешката Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали. 2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали, вели портаролот на партијата Костадин Костадинов. Тој наведува дека еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот. -Според …

Костадинов: Од канабисот можен е прилив од 250 милиони евра Read More »

Продолжува комбинираната настава, едни од дома, други во училиште во второто полугодие


Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека онлајн настават ќе продолжи до крајот на училишната година. – Комисијата за заразни болести заседаваше пред еден месец за тоа дали ќе има нови промени. Сметам дека е најбезбеден е начинот на кој започна училишната година така и да заврши.Се со цел да се одржи во …

Продолжува комбинираната настава, едни од дома, други во училиште во второто полугодие Read More »

Ќе се гради општинска зграда во Аеродром, објавен конкурс за идејно решение


  Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда. Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината, сметаат оттаму. Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории …

Ќе се гради општинска зграда во Аеродром, објавен конкурс за идејно решение Read More »

Реконструкција на грчката Владата, промени во неколку Министерства, Денедиас останува во МНР


Промени во неколку Министерства и промена на позицијата владин портпарол, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакс при денешната реконструкција на неговата Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Промени има во Министерството за труд каде што дојде Костис Хаѕидакис од Министерството за енергија и животна средина, додека пак досегашниот министер за труд Јанис Вруцис остана вон …

Реконструкција на грчката Владата, промени во неколку Министерства, Денедиас останува во МНР Read More »