Меркел ја презеде набавката на вакцините


Откако Владата во Берлин беше критикувана поради  недоволно снабдување со вакцини против Ковид-19, германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде работата, и му одзеде дел од овластувањата од министерот за здравство Јенс Шпан. Германската Влада на утрешниот состанок, според извештаите на медиумите, ќе разгледа начини за решавање на проблемот со недостиг на вакцините, што произлегоа од …

Меркел ја презеде набавката на вакцините Read More »

Османи: Продолжуваме да бараме решенија со Бугарија, чекаме одговор на нашите предлози


Ќе ја продолжиме комуникацијата со Владата во Софија и со другите земји членки на ЕУ за надминување на разликите со Бугарија и за почнување на пристапните преговори, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Прашан за координацијата на владиниот тим задолжен за евроинтеграцијата во врска со идните чекори и насоките по кои …

Османи: Продолжуваме да бараме решенија со Бугарија, чекаме одговор на нашите предлози Read More »

Османи: Немаше ниту прослава на роденденот на Ахмети, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите


 Роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера предизвика погрешна интерпетација. Немаше ниту прослава, ниту партизација ниту непочитување на протоколите, посочи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека станува збор за изненадување за лидерот на ДУИ во просториите на Министерството за политички систем од страна на еден од вработените, со честитка за …

Османи: Немаше ниту прослава на роденденот на Ахмети, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите Read More »

За Антикорупциска се бараат простории – добија и дополнителни 38 милиони денари


Не се откажуваме, и натаму ќе бараме соодветна просторна можност за Антикорупциската комисија, рече денеска премиерот, Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања. Според него, оваа Влада покажува комплетно почитување на сите регулаторни тела во државата, а конкретно, на ДКСК, со новиот Буџет, за 2021-ва, едногласно и се одобрени дополнителни 38 милиони денари за доопремување и …

За Антикорупциска се бараат простории – добија и дополнителни 38 милиони денари Read More »

Намален бројот на тестирања, на позитивни случаи и на починати во изминатата недела


За 17,9 отсто е помал бројот на тестирани на коронавирус од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021  во однос на претходната недела.   Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во наведениот период биле  тестирани 10 778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. …

Намален бројот на тестирања, на позитивни случаи и на починати во изминатата недела Read More »

Во Хрватска нови 1.071 заразени, а починаа 53


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.071 новозаразени, а бројот активни случаи е 5.908. Меѓу нив 2.390 се на болница, а 200 на респиратор. Починаа уште 53 пациенти од последиците од корона вирусот. До денеска забележани се 214.390 заразени со корона вирусот, а починаа 4.179. Оздравеа 204.303 лица. До денеска вкупно се тестирани …

Во Хрватска нови 1.071 заразени, а починаа 53 Read More »

И за пописот, дијаспората може да се изјасни од земјава или од странство каде што живее


И досега нашата дијаспора имаше опционо право на гласање – да гласа преку ДКП-ата, каде што е, или дома. Ако го искористи правото и се регистрира навреме, согласно Изборниот законик, да гласа во дијаспората, ќе си гласа таму, а ако не се регистрира, и останува само првато да гласа дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев. …

И за пописот, дијаспората може да се изјасни од земјава или од странство каде што живее Read More »

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица


На подрачјето на Општина Карпош на 04.01.2021 во 03.00 часот приведени се осум лица во подземна гаража на ул.„Анкарска“ на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), …

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица Read More »

Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица


Во финална фаза е проектот за нов експресниот пат од Струмица-преку Валандово до автопатот на Коридор 10 кај Смоквица. Се очекува проектирањето да биде завршено на почетокот на следниот месец со што ќе се знае конечната цена на чинење и ќе се влезе во фаза за обезбедување финансии за наскоро да се почне со реализација, …

Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица Read More »

Јапонија: Рекорден број на новозаразени од корона вириус


Бројот на новоинфицирани од корона вирус во Јапонија денеска достигна рекордна бројка од 4.670, објави комерцијалната телевија НТВ. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во Јапонија изнесува 248.517 лица. Јапонската Влада ја разгледува можноста за воведување вонредна состојба во и околу Токио, поради зголемување на бројот на случаи со корона вирус.

Заев: 2021 година ќе биде година на економско заздравување од Ковид-19


Ќе има дебата околу легализацијата на канабисот, со што ќе почне агресивна борба против тешките дроги, најави премиерот Зоран Заев на денешното претставување на петтиот пакет мерки за спас на економијата.   – Во борба против тешките дроги, ќе имаме претстојна дебата околу легализацијата за канабисот. После празниците, ќе разговараме со сите фели околу формирањето на …

Заев: 2021 година ќе биде година на економско заздравување од Ковид-19 Read More »

Вучиќ прислушкуван година и половина, јавуваат српските медиуми


Дел од полицијата го прислушкувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, околу година и половина, а покрај шефот на државата, како што дознава српскиот Курир, имало и цел список на лица кои биле ставени на незаконски мерки за прислушкување. Прислушкувани се и разговорите на дел од семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ …

Вучиќ прислушкуван година и половина, јавуваат српските медиуми Read More »

Новости: Вучиќ за Бадник и Божик на Хиландар


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар, пренесуваат „Новости“ и наведуваат дека ова ќе биде прва официјална посета на еден претседател на Србија на овој српскиот манастир на Света Гора во последните две децении. Според информациите на „Новости“, Вучиќ ќе присуствува на Бадниковата вечера и на свечената богослужба во …

Новости: Вучиќ за Бадник и Божик на Хиландар Read More »

Градски автобуси по неделен возен ред за празниците


  Од ЈСП „Скопје“ инфпормираат дека утре, среда (6.01.2021 год) и четврток (7.01.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Утре, среда (6.01.2021 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во …

Градски автобуси по неделен возен ред за празниците Read More »

Дури 150 семејства во социјален ризик добија пакети со храна во Центар


  Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.  И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот. Оваа активност …

Дури 150 семејства во социјален ризик добија пакети со храна во Центар Read More »

(Видео) Прес на Заев и Бесими


Заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. Проследете ја во живо:

(Видео) Ни требаат ли вакви семафори?


Во индискиот град Мумбај поставен е семафор кој ќе може да се види од многу подалеку. Се работи за семафор на кој по целата должина на држачот има поставено лед светилки, кои ја менуваат бојата во зависност од тоа дали семафорот покажува црвено, жолто или зелено. Засега поставен е еден ваков семафор во повеќемилионскиот Мумбај, …

(Видео) Ни требаат ли вакви семафори? Read More »

Земјотресот во Хрватска откри голема афера, отворена истрага за обновата на куќите по војната


Разорниот земјотрес кој ја погоди Петриња и Глина покажа една од најголемите афери во Хрватска – сомнителна државна обнова на куќите по војната. Сега Бирото за сузбување корупција и организиран криминал (УСКОК) покрена истрага. Во земјотресот се срушија многу стари објекти, но и оние куќи кои државата ги обнови по војната, односно по 1995 година. …

Земјотресот во Хрватска откри голема афера, отворена истрага за обновата на куќите по војната Read More »

Во САД над две третини од дистрибуираните вакцини не се употребени


Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД се уште не се употребени, соопштија здравствените власти. Гувернерите на сојузните држави Њујорк и Флорида соопштија дека болниците кои нема да го забрзаат  процесот на вакцинирање ќе бидат казнети. – Во Њујорк, болниците се должни да ги аплицираат сите вакцини што ги примаат во рок од …

Во САД над две третини од дистрибуираните вакцини не се употребени Read More »

Новиот вид на корона вирусот откриен и во Париз


 Генералниот директор на болничкиот систем во Париз, Мартин Хирш, утрово во интервју за телевизијата Франс 2 потврди дека во Париз е откриен нов вид на корона вирусот. Претходно, министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, во изјава за РТЛ наведе дека досега е потврдено присуство на новиот вид на корона вирус во 10 случаи.