Приведени 97 странски државјани кои работеле непријавени и без регулиран престој на објекти во Скопје
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани …