Почина славниот новинар Лери Кинг


Еден од најпознатите американски телевизиски новинари Лери Кинг почина во саботата во 87-та година од живото, објавено е на неговиот официјален профил на Twitter.

„Со длабота така (студиото) Ora Media соопштува за смртта на еден од нејзините основачи, водетелот и пријател Лери Кинг, кој почина утрово на 87-годишна возраст“, се наведува во соопштението.

На 2-ри јануари телевизиите ACB News и CCN објавија дека славниот новинар е хоспитализиран порад болеста предизвикана од корона вирусот.

Телевизискиот водител стана познат по својата емисија „”Larry King Live“ која ја водеше од 1985 до 210 година. Кинг во текот на тие години повеќе интервјуираше повеќе од педест илјади политичари, актери, спортисти и други славни личности.

Кинг за својата работа беше наградуван со престижните најгради Еми, како и две награди Пибоди, а е и десеткратен лауреат на признанието Cable ACE.

Во 2013 година Лери Кинг предизвика бранувања кога правата на своите телевизиски емисии ги продаде на руската меѓународна телевизиска мрежа RT America, каде што и продолжи да работи.

Во 2017 година Кинг обелодени за својата борба со ракот на белите дробови, а во април 2019 година беше подложен на ангиопластика.