Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија. Тој исто така побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција. – Неопходно е ЕУ чесно да се однесува кон Турција, …

Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција Read More »

Заев на средба со Папата Франциск: Апостолска посета е инспирација за народот


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква. На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, …

Заев на средба со Папата Франциск: Апостолска посета е инспирација за народот Read More »

Папата Франциск се сретна со лидерите на верските заедници и со група граѓани од ранливите категории


Папата Франциск претпладнево во Спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со лидерите на верските заедници во земјава и со претставници на граѓани од ранливите категории. На средбата со папата присуствуваа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и поглаварите на Исламската верска заедница Сулејман Ефенди Реџепи, на Евангелско-методистичката црква Михаил Цеков и на Еврејската заедница Берта …

Папата Франциск се сретна со лидерите на верските заедници и со група граѓани од ранливите категории Read More »

(Видео) Папата Франциск се помоли пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје


Папата Франциск по средбата со државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“ претпладнево пристигна во Спомен куќата на Мајка Тереза. Папата со наведната глава се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој е придружуван од четири чесни сестри кои и припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза. Во спомен куќата …

(Видео) Папата Франциск се помоли пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје Read More »

Иванов: Да ја препознаеме симболиката на оваа посета и да си простиме и се сплотиме, додека не е предоцна


Претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето во рамки на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска од Вила Водно ги повика граѓаните на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија. -Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката …

Иванов: Да ја препознаеме симболиката на оваа посета и да си простиме и се сплотиме, додека не е предоцна Read More »

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


  Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи? На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата. …

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат Read More »

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација


Повелбата за биолошка разновидност, наречена „Повелба од Мец“, беше усвоена од страна на седумте најразвиени земји  во светот, јави дописникот на МИА. Никој денес не се осмелува да  ја негира важноста на еколошката криза или итноста на климатската ситуација. Министрите на Г-7 за животната средина кои се состанаа во Мец на 5 и 6 мај, …

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација Read More »

Сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, сообраќајот пренасочен по стариот пат


Поради сообраќајна незгода што се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, кај бензинската пумпа „Окта“, сообраќајот од 15:15 часот се пренасочува по стариот пат, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Османи: Европерспективите основно гориво за европските интеграции


Заменик-претседателот на Владата задолжен за Европски прашања Бујар Османи и УНДП, претставуван од Постојаната претставничка на УНДП во земјава, Наринe Сахакиjан, во просториите на Секретаријатот за европски прашаа, потпиша Договор за проектна соработка. „УНДП е долгорочен партнер и поддржувач на политиките на Република Северна Македонија, и овој проект е само продолжение на соработката за создавање …

Османи: Европерспективите основно гориво за европските интеграции Read More »

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје


Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. Со оваа одлука …

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје Read More »

Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање


Човековите активности во блиска иднина – за само неколку декади, би можеле да предизвикаат изумирање на околу милион видови, предупредува нацрт-извештајот, кој денеска го објави ОН. Ова брзо исчезнување на растенијата и животните сега се нарекува шесто масовно изумирање. Масовни изумирања во минатото секогаш биле предизвикани од катаклизмички настани од големи размери, како удар на …

Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање Read More »

Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви


  Во експлозија на камион цистерна што се случи на неколку стотини километри од меѓународниот аеродром во Ниамеј, престолнината на Нигер, загинаа 55 луѓе. Ова го соопшти порпаролот на министерството за внатрешни работи на таа западноевропска земја. „Билансот на експлозијата е 55 мртви и 36 повредени. Жртвите биле јагленосани“, додаде портпаролот. Камионот се превртел на …

Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви Read More »

Расте бројот на болни од астма, проблеми со подигнување на терапијата


Бројот на новодијагностицирани и амбулантски прегледани болни од астма е во пораст, но регистрирано е намалување на бројот на хоспитално третираните пациенти. На пациентите со тешка форма на астма им е неопходен посебен вид биолошка терапија, што се уште не е достапна и не е регистрирана во државава. Во врска со подигнувањето на пропишаните лекови …

Расте бројот на болни од астма, проблеми со подигнување на терапијата Read More »

Укинат куќниот притвор на Сашо Мијалков


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, излегува од куќен притвор, одреден по предметот „Титаник 2“, по изрекувањето на пресудата. Поминаа 60 дена од изрекувањето мерка притвор, па судот одлучи да го прекине притворот и да му го одземе пасошот, но и да се јавува еднаш неделно во суд. „Заради зголемен интерес на медиумите ја …

Укинат куќниот притвор на Сашо Мијалков Read More »

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај


Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај, потврдуваат за МИА од Собранието. Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата. Пендаровски, кој беше поддржан …

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај Read More »

Чакрабарти: Договорот со Грција исклучителен исчекор, можност за економските процеси и инвестициските можности


Договорот со Грција е исклучителен исчекор и одлична можност за посветување на останатите економски процеси и инвестициски можности важни за граѓаните на Северна Македонија и регионот, рече претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти на денешната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Чакрабарти на средбата високо ги оцени …

Чакрабарти: Договорот со Грција исклучителен исчекор, можност за економските процеси и инвестициските можности Read More »

Пендаровски за ЕРТ: Северна Македонија и Грција заедно ќе изградат европска иднина за двата народа и за двете држави


Преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премиерот Зоран Заев, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, кусо по завршувањето на вчерашната прес – конференција во штабот на СДСМ …

Пендаровски за ЕРТ: Северна Македонија и Грција заедно ќе изградат европска иднина за двата народа и за двете држави Read More »

Видео од потерата по спортскиот коментатор Милојко Пантиќ, возел со 1,73 промили алкохол во крвта


Полицијата на Србија потврди дека Милојко Пантиќ, познат српски коментатор е приведен и пратен на трезнење, откако со 1,73 промили алкохол во крвта возел во спротивна насока и удрил во џип на интервентната единица во Нов Белград, а потоа побегнал по „Бранков мост“. За „Танјуг“ потврдиле дека синоќа околу 23.30 часот во полициска станица приведен …

Видео од потерата по спортскиот коментатор Милојко Пантиќ, возел со 1,73 промили алкохол во крвта Read More »