„Њујорк тајмс“: Тајниот план на Трамп за Иран


„Њујорк тајмс“ го објави тајниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуална ескалација на судир со Иран. Според весникот, на минатонеделниот состанок со советникот за безбедност на Белата куќа Џон Болтон и со в.д. министерот за одбрана Патрик Шанахан претстави нов воен план, според кој е предвидено испраќање на 120.000 американски војници на Блиски …

„Њујорк тајмс“: Тајниот план на Трамп за Иран Read More »

Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта


Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта. Од општината информираат дека се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи. Овие активности …

Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта Read More »

Две тешки несреќи во Тетовско


Во две одделни несреќи повредени се двајца возачи, од кои едниот удрил во карпест брег, а другиот излетал од патот во тетовско, соопшти полицијата. Во понеделникот, во 16 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот. А.К. се здобил со …

Две тешки несреќи во Тетовско Read More »

Судир на два хидроавиона на Алјаска, пет жртви и едно исчезнато лице


Пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато на Алјаска, во судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи од крстарење, соопштија властите и компанијата која го организирала летот. Двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале 16 патници од бродот „Ројал принцес“ на компанијата „Принсес Круисес“, која организира патувања.  Се судрија во лет од непозната …

Судир на два хидроавиона на Алјаска, пет жртви и едно исчезнато лице Read More »

Анѓушев: Релаксиран сум од најавената „метла“, тоа е во надлежност на премиерот


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер. – Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е …

Анѓушев: Релаксиран сум од најавената „метла“, тоа е во надлежност на премиерот Read More »

Во Франција запленети околу 500 килограми кокаин скриен во банани


Француските власти кон крајот на април запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра во северното пристаниште Данкерк, информира денеска францускиот министер за надворешни работи Џералд Дарманен. Тој додаде дека дрогата била пронајдена на 29-ти април во брод со контејнери, кој превезувал банани од малата јужноамериканска држава Суринам. – Француското Државно обвинителство …

Во Франција запленети околу 500 килограми кокаин скриен во банани Read More »

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март


Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во земјите членки на ЕУ е драстично опаднат во март оваа година во споредба со претходните месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Oд Македонија 316 лица аплицирале за азил минатиот месец, додека пак во јануари и февруари оваа бројка изнесуваше на 600, информира Европската канцеларија за азил, ЕАСО. …

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март Read More »

Пратениците бизнисмени не ги пријавиле фирмите во Антикорупциска


Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа го пријавил Друштвото за угостителство, трговија, производство и услуги „Пели“ ДОО Кавадарци. Станува збор за друштво со ограничена одговорност чија приоритетна дејност се ресторани и други објекти за послужување на храна. Останатите не пријавиле дека поседуваат компании, а се работи за уште 14 пратеници кои …

Пратениците бизнисмени не ги пријавиле фирмите во Антикорупциска Read More »

(Видео) Хрватски хирурзи прв пат успешно раздвоија сијамски близначки


  Хрватски лекари успешно раздвоија силамски близначки, поврзани со стомачни органи и црниот дроб, односно билесраснати со долниот дел од градниот кош, дебелото црево, кожата и меките ткива. Операцијата јка изведе тим лекари од КБЦ Загреб и тоа е прв пат една таква операција да биде изведена во Хрватска. Началничката на заводот за неонатологија и …

(Видео) Хрватски хирурзи прв пат успешно раздвоија сијамски близначки Read More »

Хакери го нападнаа Ватсап


Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си. Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти  дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокт го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола. Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 …

Хакери го нападнаа Ватсап Read More »

Започна комисиската расправа во грчкиот Парламент за новите гранични премини кон Северна Македонија


Со обраќања на известувачите од СИРИЗА и Нова демократија, Јоргос Ѕиманис и Јоргос Кумуцакос започна седницата на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања во грчкиот Парламент на која се разгледуваат нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за …

Започна комисиската расправа во грчкиот Парламент за новите гранични премини кон Северна Македонија Read More »

ЈСП дозволи влез на кучиња-придружници во автобусите


ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче-придружник и да им дозволи непречено користење на услугите, односно да дозволи влез на кучињата-придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема …

ЈСП дозволи влез на кучиња-придружници во автобусите Read More »

Шилегов го најави отворањето на „Лајка“ со четириножниот „советник“


Проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ е во завршна фаза. Наскоро започнуваме, најави градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук-профил објавувајќи фотографија со еден од неговите идни станари, бездомното кученце во улога на „советник“. „Лајка“ е новото име на „Вардариште“. Неодамна градот формираше ново ЈП и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за …

Шилегов го најави отворањето на „Лајка“ со четириножниот „советник“ Read More »

Советници на Трамп предлагаат испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток


На состанок на главните советници за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бил одржан минатиот четврток, вршителот на должност министер за одбрана Патрик Шенахан претставил воен план кој предвидува испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток доколку Иран ги нападне силите на САД или ја забрза работата на создавање нуклеарно оружје. Ова синоќа …

Советници на Трамп предлагаат испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток Read More »

Почина актерката Дорис Деј


Холивудската актерка Дорис Деј, чии филмови ја направија една од најголемите женски ѕвезди на сите времиња, почина на 97 години. Пејачката и актерка со меден глас, чии филмски драми, мјузикли и невини сексуални комедии ја направија голема ѕвезда во 1950-тите и 60-тите и е меѓу најпопуларните актерки во историјата. Таа имаше 97 години. Фондацијата „Дорис …

Почина актерката Дорис Деј Read More »

(Видео) Американски атлетичар се фрли на целта за да победи во трката на 400 метри


Американскиот атлетичар Инфините Такер се најде во центарот на вниманието откако на несекојдневен начин ја осигура победата во трката на 400 метри со пречки. Такер учествуваше на  SEC Track & Field Championship и трчаше на 400 метри со пречки. Толку ја посакуваше победата што на последните метри пред финишот се фрли напред за прв да …

(Видео) Американски атлетичар се фрли на целта за да победи во трката на 400 метри Read More »

Тевдовски: Се подобрува реализацијата на капиталните инвестиции


Има подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции, ги следиме приходната и расходната страна на Буџетот и кога ќе утврдиме дека е потребно да се прават корекции тоа ќе го соопштиме, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, во одговор на новинарско прашање за реализацијата на капиталните инвестиции и евентуален ребаланс на буџетот по неодамнешната изјава на …

Тевдовски: Се подобрува реализацијата на капиталните инвестиции Read More »

Невремето го блокира поморскиот сообраќај во Албанија


Невремето проследено со силен ветер обилни и интензивни врнежи од дожд предизвикаа проблеми во поголем дел од земјата, посебно во крајбрежниот дел. Поради силниот ветер и високите бранови одложено е испловувањето на траектите, но и сите пловни објекти, за кои е издадена наредба да се закотват во пристаништата, се до нова наредба од страна на …

Невремето го блокира поморскиот сообраќај во Албанија Read More »

(Фото) Силен ветар во Хрватска турна автомобил во море


Метеоролозите за деновиве најавуваат силно невреме на подрачјето на Балканот, а за колку силни ветрови станува збор, покажува фотографијата од Хрватска. Имено, на островот Раб во Хрватска силниот ветар турнал автомобил во море. Невремето во Хрватска е многу силно, особено на подрачјето на главниот град Загреб и на Јадранот.

Тевдовски: Министерството за финансии целосно посветено на реформите


Министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на најавите за промени  на функционери од централната и локалната власт истакнува дека е задоволен од промените и реформите што се направени во Министерството и органите во негов состав, на кои, како што вели, се целосно посветени. -Министерството за финансии е целосно посветени на реформите и веќе се …

Тевдовски: Министерството за финансии целосно посветено на реформите Read More »