Две тешки несреќи во Тетовско


Фото: Б. Грданоски

Во две одделни несреќи повредени се двајца возачи, од кои едниот удрил во карпест брег, а другиот излетал од патот во тетовско, соопшти полицијата.

Во понеделникот, во 16 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот. А.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен болницата во Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 12 часот на регионалниот пат село Јажинце-Тетово, во село Беловиште, Б.Ј.(45) од село Рогачево, управувајќи патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово.