(Видео) Американски атлетичар се фрли на целта за да победи во трката на 400 метри


Американскиот атлетичар Инфините Такер се најде во центарот на вниманието откако на несекојдневен начин ја осигура победата во трката на 400 метри со пречки.
Такер учествуваше на  SEC Track & Field Championship и трчаше на 400 метри со пречки. Толку ја посакуваше победата што на последните метри пред финишот се фрли напред за прв да ја помине целната линија.
Неговиот потег се исплати затоа што за десетинка го помина ривалот и тимски колега Роберт Грант и ја освои титулата.
„Видете, ги затворив очите на десеттата препрека, ги отворив и ја видов својата мајка на целта. Скокнав да ја прегрнам и тоа е сѐ“, изјави Такер.
Грант имаше поинакво мислење.
„Ако кажам што мислам пред камерите, тренерот Хенри ќе ме исфрли од тимот“, рече Грант.