Почина актерката Дорис Деј


Холивудската актерка Дорис Деј, чии филмови ја направија една од најголемите женски ѕвезди на сите времиња, почина на 97 години.
Пејачката и актерка со меден глас, чии филмски драми, мјузикли и невини сексуални комедии ја направија голема ѕвезда во 1950-тите и 60-тите и е меѓу најпопуларните актерки во историјата. Таа имаше 97 години.
Фондацијата „Дорис Деј енимал“ потврди дека таа починала рано утрово во нејзиниот дом во Кармел, Калифорнија, во кругот на блиски пријатели.
„Деј беше во одлично физичко здравје за нејзина возраст, сè додека неодамна не доби сериозен случај на пневмонија, што резултираше со нејзина смрт“, соопшти фондацијата.
Со нејзиниот мелодичен алт, русокосата убавина и блескавата насмевка, таа беше профитабилна актерка и пејачка, позната по филмовите како „Шепотење на перница“ и „Тој нежен допир на крзното“ и песните како „Whatever Will Be, Will Be (Que Sera, Sera)“ од филмот на Алфред Хичкок „Човекот што знаеше премногу“.

„Ја сакам радоста; сакам да бидам радосна; сакам да се забавувам додека снимам; сакам да носам прекрасна облека и да изгледам убаво. Сакам да се смеам и сакам да ги смеам луѓето. И тоа е сè што сакам. Тоа ми се допаѓа. Сакам да бидам среќна. Сакам да ги направам другите среќни“, вака еднаш го опиша Дорис Деј својот живот.
Зад себе има четири брака, а нејзиниот син единец Тери Малхер почина во 2014 година..