Се отвора подрачна единица за земјоделство во Долно Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, денеска извршија увид во Месната заедница „Долно Лисиче“ во Општина Аеродром, со цел да ги разгледаат можностите и капацитетите за отворање подрачна единица во Долно Лисиче, токму на оваа локација, како заеднички проект на Општина Аеродром и Министерството за земјоделство, …

Се отвора подрачна единица за земјоделство во Долно Лисиче Read More »

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани


Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против Ковид-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплицирани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. …

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани Read More »

Пронајденo тело на мртов маж во близина на Жировница


Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање. Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на …

Пронајденo тело на мртов маж во близина на Жировница Read More »

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство


Од септември, учениците ќе одат во училиште доколку епидемиолошката состојба остане непроменета. – Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците …

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство Read More »

Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август


Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август. – …

Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август Read More »

Предлог-измените на Законот за матична евиденција ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица


За трансродовата заедница во земјава е приоритетно да се донесат измените на Законот за матична евиденција, кои се во процедура во Собрание, но се уште не е отворена комисиска расправа. Со нив ќе се регулира правното признавање на родот и ќе се усогласат нивните лични документи. Според пратеничката Маја Морачанин, претседателка на Интерпартиската парламентарна група …

Предлог-измените на Законот за матична евиденција ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица Read More »

Апелација ја укина пресудата за Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“


Апелацискиот суд во Скопје денеска преку соопштение објави дека ја укинал пресудата во случајот познат како „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал во општината Чаир и го врати предметот на повторно судење. Во овој процес беа осудени Ејуп Алими (член на ДУИ и едно време координатор на пратеничката група на партијата во Собранието) и …

Апелација ја укина пресудата за Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“ Read More »

Дочек на олимпиецот Георгиевски утре во 19.30 на плоштад


очекот на Дејан Георгиевски, кој што вчера освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот. Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри. „Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со …

Дочек на олимпиецот Георгиевски утре во 19.30 на плоштад Read More »

Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања во болницата во Битола


Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за …

Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања во болницата во Битола Read More »

Есер Џевахир почесен конзул на Северна Македонија во Турција


Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене. Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна …

Есер Џевахир почесен конзул на Северна Македонија во Турција Read More »

Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период


Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за деца во основно по 2.100 денари и за деца во средно образование во износ од 3.000 денари, соопшти Министерството за труд социјална политика. Како што појаснуваат од Министерството, исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот …

Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период Read More »

Компанијата „Блу Скај инвестментс“ нов сопственик на ФК Вардар


Компанијата „Блу Скај инвесмент“ е согласна во целост да го преземе постојниот договор, со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, со што со тоа официјално го презема раководењето со клубот. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција по повод преземањето на клубот, истакна дека …

Компанијата „Блу Скај инвестментс“ нов сопственик на ФК Вардар Read More »

Во петок, ќе се прска против ларви од комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: – Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот …

Во петок, ќе се прска против ларви од комарци во Скопје Read More »

Потпишани 12 договори вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово


Дванаесет договори за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра потпиша денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски со претставници на граѓанскиот сектор, на неколку општини и на два центри за развој. Средствата се обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, …

Потпишани 12 договори вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово Read More »

На ГП Табановце се чека 40 минути


Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

Голема полициска акција во Скопје за апсење на лица, инволвирани во трговија со оружје и дрога


Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации,  за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата. Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и …

Голема полициска акција во Скопје за апсење на лица, инволвирани во трговија со оружје и дрога Read More »

Нов судир меѓу Ерменија и Азербејџан, има жртви – се вмеша Русија


Три ерменски војници загинаа во размена на оган со азербејџанските сили, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. На Твитер објавија дека дошло до судир со воените сили на Азербејџан. Единиците на вооружените сили на Азербејџан, кои ги нападнаа ерменските позиции, отфрелни се назад на почетната позиција, претрпувајќи губитоци, а судирот продолжува“, соопшти министерството. Ерменија и …

Нов судир меѓу Ерменија и Азербејџан, има жртви – се вмеша Русија Read More »

Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри


Македонскиот атлетичар Јован Стојоски со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки игри. Тој ги прави последните подготовки за трката на 400 метри закажана за 1 август. – Задоволен сум од подготовките коишто ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не …

Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри Read More »

Дејан Георгиевски награден со 1,8 милиони денари за среброто во Токио


На добитникот на сребрениот медал во теквондо на Олимписките игри и на неговиот тренер ќе им биде доделена парична награда во вкупен износ од 2,4 милиони денари.  На нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски ќе му биде доделена парична награда во висина од …

Дејан Георгиевски награден со 1,8 милиони денари за среброто во Токио Read More »