Дочек на олимпиецот Георгиевски утре во 19.30 на плоштад


очекот на Дејан Георгиевски, кој што вчера освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот.

Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри.

„Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех“, рече Георгиевски.