МОН: Нема упад во електронските системи и бази со податоци, лажна е информацијата на социјалните мрежи


Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од простории на министерството, соопшти Министерството за образование и наука откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на МОН и ја презело контролата …

МОН: Нема упад во електронските системи и бази со податоци, лажна е информацијата на социјалните мрежи Read More »

ИЈЗ: Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници и за тие кои се обидуваат да забременат


Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни(тешки) компликации при Ковид-19, а здравата мајка е важна за здраво …

ИЈЗ: Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници и за тие кои се обидуваат да забременат Read More »

Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација


Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на Ковид-19. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека бранителот на Јанакиески поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќи тој е позитивен на Ковид-19 и приложил …

Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација Read More »

Јапонија пролетва може да има лек за корона вирус


Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека вчладата разгледува можност да даде условено, рано одобрение за ковид-апчиња развиени од фирмата „Шионоги“. Ако клиничките испитувања ја потврдат сигурноста и делотворноста на лекот, „би сакале тоа веднаш да го разгледаме“, рече Кишида на состанокот на парламентарниот одбор кој се пренесуваше на телевизија. „Шиноги“ одвоено објави нови резултати од …

Јапонија пролетва може да има лек за корона вирус Read More »

Зголемени цените на угостителските услуги во јануари


Цените на угостителските услуги во јануари се зголемени за 2,4 проценти во споредба со декември лани. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, зголемување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти. Во споредба со јануари лани, забележано е …

Зголемени цените на угостителските услуги во јануари Read More »

Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица


Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираа денеска од МВР, после тоа, врз основа на судска наредба, во домовите …

Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица Read More »

Македонска компанија разви иновативно решение за кровни градини


Македонската компанија ФОЈА, разви иновативно решение за индустриско производство на т.н. модули за кровни градини. Производот е наречен Семпервел, и со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Наменет е за приватни и јавни објекти, може да се изведува на куќи, згради и други рамни кровни …

Македонска компанија разви иновативно решение за кровни градини Read More »

(Видео) Валиева испиша историја во уметничко лизгање на ЗОИ


  Тимот на Русија освои злато во тимскиот натпревар во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Натпреварот го одбележа 15-годишната Камила Валиева, која стана прва лизгачка која изведе потполн четворократен скок во олимписка конкуренција. Таа изведе два четворократни скока, се обиде и трет, но падна. Учиното на Валиева на „Болеро“ од Равел награден …

(Видео) Валиева испиша историја во уметничко лизгање на ЗОИ Read More »

Вулкан, активен на секои 15 минути, популарен меѓу туристите


  Планинарење во сенка на активен вулкан не е начин на кој замислувате да го поминете годишниот одмор, но за многу туристи, погледот и доживувањето се вредни за ризикот. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивен вулкан во Средна Америка, и секоја година привлекува илјадници посетители кои сакаат да ги гледаат неговите ерупции. За да сведочите …

Вулкан, активен на секои 15 минути, популарен меѓу туристите Read More »

Кога грабеж на банкомат ќе заврши трагично – еден крадец е мртов


  Двајца мажи вбризгале гас во банкомат и го запалиле. Полицијата од Московската област трага по крадец кој побегнал откако експлодирал банкомат, каде загинал неговиот соучесник. Како што соопшти полицијата, двајцата мажи вбризгале гас во банкоматот и го запалиле. Дошло до експлозија во која еден од нив загинал, а другиот побегнал, пренесе РИА Новости.

Најдобрата приказна од ЗОИ – од болест до врвот на светот


  Канадскиот сноубордер Макс Паро освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг во дисциплината слопстајл. Паро, кој бше вицешампион пред четири години, славеше благодарение на второто возење во кое освои 90,96 бода. Нему, 10 месеци по Игрите во Пјонгчанг му беше дијагностициран Хичингов лмфом, но по шест месеци хемотерапија се врати на натпреварите, …

Најдобрата приказна од ЗОИ – од болест до врвот на светот Read More »

ЗОИ: Швајцарецот Фојц најбрз на спустот


Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото на Олимписките игри во Пекинг во дисциплината спуст. Фојц на својата земја и го донесе првото злато на Олимписките игри во Пекинг. Второто место му припадна на Французинот ката Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер. Трката во спуст требаше да се одржи вчера, но беше …

ЗОИ: Швајцарецот Фојц најбрз на спустот Read More »

Поднесени кривични пријави за изработка и употреба на фалсификувани ПЦР тестови


СВР Куманово поднесе кривични пријави против В. М. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С. Ј. (25) од Радовиш, Р. М. (24) од Струмица, О. Ј. (23) од Радовиш, Џ. С. (43) од Радовиш, М. Р. (25) од Радовиш, С. С. (18) од Радовиш, Е. …

Поднесени кривични пријави за изработка и употреба на фалсификувани ПЦР тестови Read More »

Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата


 Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. – Очекувам уште утре да имаме решение за покачување …

Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата Read More »

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка“


По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал. Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател …

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка“ Read More »

Се санираат дупките на неколку булевари во Скопје


Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта  пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (нас. Пинтија кон нас. Драчево). Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици …

Се санираат дупките на неколку булевари во Скопје Read More »

Поштар ја земал пензијата од починато лице


Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа. -Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа”, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружницата на …

Поштар ја земал пензијата од починато лице Read More »

Кривична пријава за фалсификување службена исправа


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа“, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во соопштението, тој во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил …

Кривична пријава за фалсификување службена исправа Read More »

ССМ: Владата да застане на страна на работниците и да го даде тоа што го бараат


Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата на Сојузот на синдикатите на Македонија на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи, порачаа денеска од ССМ.  Тие бараат решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати. Повторно предупредија дека доколку во …

ССМ: Владата да застане на страна на работниците и да го даде тоа што го бараат Read More »

Земан: Укинувањето на задолжителната вакцинација во Чешка е грешка


Претседателот на Чешка, Милош Земан, денеска ја критикуваше новата коалициска влада на десниот центар за укинувањето на обврската за вакцинирање на лицата над 60 години и група професии воведени од претходната влада минатата есен и го предупреди премиерот Петр Фијала дека тоа било грешка. „Тоа е грешка. Не само Австрија, туку и Германија и Белгија …

Земан: Укинувањето на задолжителната вакцинација во Чешка е грешка Read More »