Финскиот претседател вели дека пристапувањето во НАТО би било корисно, но ќе ги „зголеми тензиите со Русија“


Членството во НАТО „трајно ќе ги зголеми тензиите со Русија“ долж границата на Финска со Русија, изјави претседателот Саули Нинисто во денешното интервју за јавната телевизија Yle TV1, пренесува Си-Ен-Ен. Нинисто рече дека најголемата придобивка од членството во НАТО ќе биде „да се добие превентивен ефект“, но исто така ќе има ризик за разни видови …

Финскиот претседател вели дека пристапувањето во НАТО би било корисно, но ќе ги „зголеми тензиите со Русија“ Read More »

Велшаните користат рециклирани пелени за асфалтирање патишта


  Во Велс асфалтиран е пат за кој користена мешавина чиј дел се и рециклирани детски пелени. Се работи за патот A487 во Лианарт, кој е асфалтиран со користени рециклирани пелени истопени во мешавина за асфалт. Проектот е реализиран и со помош на родителите, кои пелените ги оставале во специјална канта. Тие пелени се собрани …

Велшаните користат рециклирани пелени за асфалтирање патишта Read More »

Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица


Сега сме најблиску до завршување на процесот, да добиеме една изборна единица. За жал, дел од политичките партии се колебливи во овој процес, нејасно зошто, рече вечерва претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски. Како што истакна Милевски во Дневникот на Сител ТВ, од симулациите кои може да се направат од последните …

Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица Read More »

Медведев: Русија би употребила нуклеарно оружје во четири ситуации


Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека Москва би можела да употреби нуклеарно оружје и против земја која користи само конвенционално оружје. Русија има околу 6.000 нуклеарни боеви глави – најголемите залихи на нуклеарно оружје во светот. Медведев денеска изјави дека има четири случаи во кои …

Медведев: Русија би употребила нуклеарно оружје во четири ситуации Read More »

Зградата на МНР во боите на НАТО


Зградата на МНР вечерва е осветлена во боите на НАТО по повод утрешното одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата. -Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи …

Зградата на МНР во боите на НАТО Read More »

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море


Турските власти денеска воведоа забрана за ноќен риболов во дел од Црното Море, откако претходно денеска беше откриена мина во Босфор, пренесува БГНЕС. „Заради безбедноста на животите и имотите на нашите рибари и на нашиот народ од денеска (26.03.2022) до следното известување се воведува забрана за секаков вид риболов од зајдисонце до изгрејсонце во Црното …

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море Read More »

Боки 13 со итно барање до државата: Мојата запленета облека ставете ја на лицитација


Бојан Јовановски-Боки 13, чекајќи ја пресудата за Меѓународен сојуз каде со факти објаснуваше дека е невин, посочи дека се откажува од неговата запленета брендирана облека и бара државата веднаш да ја стави на лицитација. „Мене ми беше одземена целата гардероба, чевли, чанти, часовници, наочари, накит, уметнички слики… тоа беа “фантастичните докази” на Русковска со кој …

Боки 13 со итно барање до државата: Мојата запленета облека ставете ја на лицитација Read More »

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби на македонскиот ракомет


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го победија Вардар на гостински терен со 24:23 во големото дерби на македонскиот шампионат. Битолчани во најголемиот дел од натпреварот од 2. коло во Суперлигата имаа контрола врз резултатот и на крајот заслужено ги освоија бодовите. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред полни трибини со присуство на двете …

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби на македонскиот ракомет Read More »

Санкционирани 50 мотоциклисти во Скопје


 Во рамки на денешната зајакната акциска контрола што ја спроведе полицијата од 10:00 до 18:00 часот, на територијата на СВР Скопје се санкционирани 50 мотоциклисти. Од нив, како што соопшти МВР, 24 не носеле кацига, шест возеле без возачка дозвола, а одземени се и три мотоцикли согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот …

Санкционирани 50 мотоциклисти во Скопје Read More »

Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина


Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина. – Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите …

Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина Read More »

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер


Возачот на Хас, Мик Шумахер доживеа тешка сообраќајна несреќа на пет минути пред крајот на вториот квалификациски сегмент за Големата награда на Саудиска Арабија. Шумахер ја загуби контролата на болидот во свиокот 12 и силно удри во бариерите. Медицинско возило се упати кон тркачот. „Формула 1“ се уште нема прикажано реприза на инцидентот во преносот. …

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер Read More »

Прага: Илјадници Руси протестираа против Путин


Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина. Околу 5.000 луѓе, според организаторот, скандираа „Русија без Путин“, „Слобода за Русија, мир за Украина“ и „Путин не е Русија“ додека маршираа низ историскиот центар на Прага. – …

Прага: Илјадници Руси протестираа против Путин Read More »

Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица


 Дваесет и две лица патуваа со првиот редовен лет од Софија за Скопје што се одржа денеска, изјави за БТА Јанко Иванов од ГуливЕр. Тој рече дека во главниот град на Република Северна Македонија имало многу службеници кои ја поздравиле воспоставената авиолинија. На оваа дестинација ќе се лета два пати неделно – во сабота и …

Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица Read More »

Во Србија од корона вирус починаа уште 10 пациенти, 1.949 новозаболени


Во последните 24 часа во Србија на корона вирус се тестирани 14962 граѓани, од нив позитивен тест имале 1949 лица. Од последици предизвикани од вирусот корона починале 10 граѓани. Во болниците низ Србија во моментов на респиратор се вклучени 42 пациенти

Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен


Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од страна на руските војници, јави ДПА. – Градот е целосно уништен, рече денеска Владислав Атрошенко, додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили. Градот, кој се наоѓа во близина на границата на Украина со Русија и Белорусија, сега има само …

Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен Read More »

Градоначалникот на Лавов: Руските сили извршија воздушен напад врз градот


Лавов, најголемиот град во западна Украина, денеска беше цел на руски воздушен напад, соопшти градоначалникот на градот, кој не даде дополнителни детали за нападот. Градоначалникот Андриј Садовиј рече дека чека информации од воената администрација, во објава на Телеграм. Тој ги повика луѓето да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување …

Градоначалникот на Лавов: Руските сили извршија воздушен напад врз градот Read More »

Нови 232 случаи на ковид и шест починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и …

Нови 232 случаи на ковид и шест починати лица Read More »

Руските сили го зазедоа Славутич и го киднапираа градоначалникот


уските вооружени сили го киднапираа градоначалникот на украинскиот град Славутич и ги растераа жителите кои протестираа поради руското преземање на контролата врз градот сместен во подрачјето на Киев, јави Анадолија. Началникот на киевската Регионална воена управа Александар Пављук соопшти дека руските сили ја зазеле и градската болница во Славутич. Истакнувајќи дека жителите на градот излегле …

Руските сили го зазедоа Славутич и го киднапираа градоначалникот Read More »

На свињарска фарма пронајдени 23 мигранти од Пакистан


Вкупно 23 мигранти од Пакистан се пронајдени синоќа во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во кумановското село Речица, соопшти МВР. Мигрантите се пронајдени меѓу 22.40 и 23.30 часот од службеници на полициската станица за граничен надзор Сопот. -На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон село Сопот, во …

На свињарска фарма пронајдени 23 мигранти од Пакистан Read More »

Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата


 Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот. Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени. Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, …

Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата Read More »