Боки 13 со итно барање до државата: Мојата запленета облека ставете ја на лицитација


Фото: Б. Грданоски

Бојан Јовановски-Боки 13, чекајќи ја пресудата за Меѓународен сојуз каде со факти објаснуваше дека е невин, посочи дека се откажува од неговата запленета брендирана облека и бара државата веднаш да ја стави на лицитација.

„Мене ми беше одземена целата гардероба, чевли, чанти, часовници, наочари, накит, уметнички слики… тоа беа “фантастичните докази” на Русковска со кој бев огласен за виновен и осуден, без да биде утврдена вредноста, годината на производство и кога се истите набавени и без никакво вештачење за одземените предмети, се на ѓутуре и жими мајка, но неисе, изјавувам и давам јавно ветување, доколку некогаш победи ПРАВДАТА и доколку дојде тој ден да ми бидат вратени сите неосновано одземени предмети, јас во целост се откажувам од истите во корист на семејства и лица кои се во социјален ризик, при што истите би биле предмет на јавна лицитација и парите од продажбата би биле донирани на оние на кои што им е најпотребно!!!“, напиша администраторот на профилот на Боки 13.

„Воедно, истакнувам предлог до надлежните во државата наместо да скапуваат бесправно одземените предмети во некој си магацин (иако сметам дека дел од предметите се веќе украдени од оние кои што ми ги одземаа), веднаш да биде спроведена јавна лицитација и продажба на истите и средствата да бидат донирани на лица и семејства на кои им потребна помош !!! Направете барем нешто добро од целиот правен циркуз и неправда!!! Со се мојот пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот“, се додава во објавата на Инстаграм.