Почина поранешниот фудбалер на Реал и колумбискиот репрезентативец Ринкон


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон, почина на 55-годишна возраст, соопшти прес-службата на ФИФА. Тој имаше сообраќајна несреќа на 11 април во Кали (Колумбија), неговиот автомобил се судри со автобус. Поранешниот фудбалер со сериозни повреди на главата е пренесен во болница и опериран. Денес, 14 април, Ринкон почина во болница. …

Почина поранешниот фудбалер на Реал и колумбискиот репрезентативец Ринкон Read More »

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност …

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот Read More »

Во поплавите и свлечиштата во Филипините, предизвикани од бурата Меги, досега 121 жртва


Најмалку 121 лице загина при лизгање на земјиште и поплави, предизвикани од првата бура што ги погоди Филипините годинава. Поради бурата, раселени се над 200.000 жители, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Повеќето од жртвите се од градот Бејбеј Сити во провинцијата Лејте, 599 километри јужно од Манила. Оттаму беа извадени 81 тело. Триесет и …

Во поплавите и свлечиштата во Филипините, предизвикани од бурата Меги, досега 121 жртва Read More »

Да нема продолжување на учебната година бара СОНК


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има …

Да нема продолжување на учебната година бара СОНК Read More »

Конечно објавени поддржаните културни проекти од Град Скопје


Град Скопје попладнево ја објави листата на поддржани проекти од културата за оваа година, по силните реакции во јавноста поради тоа што добитниците на парична помош од Градот беа држени во тајност. Одлуката конечно да го соопшти исходот од јавниот повик, што е и законска обврска, Градот ја донесе дури откако листата на проекти кои годинава …

Конечно објавени поддржаните културни проекти од Град Скопје Read More »

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром


По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар Србија, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром, каде заврши изградбата на вело и пешачката патека во должина од 850 метри, на вкупна површина од 3.400 квадратни …

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром Read More »

Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговори


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска од Охрид го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена. Одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со СОНК, тој нагласи дека ништо не е променето со почетокот на …

Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговори Read More »

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата


Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани,  повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение …

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата Read More »

(Видео) Изјава на Неделков од СОНК: Можно е учениците уште утре да се вратат во училиште


Теоретски е можно утре да продолжи учебната година за учениците, прекината со штрајкот на вработените во образованието. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска пред предбата во МОН, на која треба да донесат решение за барањата на вработените во образованието, односно зголемување на платите, рече дека се надева оти ќе имаат добар предлог од властите и …

(Видео) Изјава на Неделков од СОНК: Можно е учениците уште утре да се вратат во училиште Read More »

Инфективната клиника се затвора две недели заради дезинфекција


Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели зашто поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ. -Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекјција на душеци, перници, медицинскиот мебел, се она што е простор, ѕидови и подови итн., ќе се направат и некои диполнителни …

Инфективната клиника се затвора две недели заради дезинфекција Read More »

СОНК поканет во МОН на преговори за платите


СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на Министертството за образивание и наука, соопшти на Фејсбук синдикалниот лидер Јаким Неделков. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура од понеделникот организира генерален штрајк во училиштата и градинките поради тоа што со Владата не постигна договор за зголемување на платите во дејностите …

СОНК поканет во МОН на преговори за платите Read More »

Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора …

Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри Read More »

Поставена спомен-плочата на Владимир и Косара симбол на македонско-црногорското пријателство


  На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство. Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Северна Македонија …

Поставена спомен-плочата на Владимир и Косара симбол на македонско-црногорското пријателство Read More »

Вучиќ со остар напад кон Ѓукановиќ и Курти за ширење „соголена омраза кон Србија и Србите“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги обвини црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека шират „соголена омраза кон Србите и Србија“ и дека имаат најизразена улога во кампањата на лаги против официјален Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќањето преку порталот на дневниот весник Информер кажа дека кампањата за …

Вучиќ со остар напад кон Ѓукановиќ и Курти за ширење „соголена омраза кон Србија и Србите“ Read More »

(Видео) Отворање нов погон на „Реплек“


Компанијата „Реплек“ АД Скопје денеска ќе  промовира нов производствен погон, како дел од новата развојна стратегија. Од фабриката најавија дека на настанот, покрај генералниот директор Душан Пецовски, ќе присуствуваат и министерот за здравство Беким Сали, амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас и деканот на Фармацевтскиот факултет во Скопје, Зоран Стерјев. 

Дронот кој падна во Загреб, сепак, носел бомба


Хрватска ја заврши истрагата за леталото кое пред неполн месец падна во Загреб. Дронот кој ги вознемири загрепчани бил доработен и со себе носел бомба наместо вградена камера, објави хрватска Нова ТВ. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде налог за повеќе видови на вештачења, а побарано е мислење и од воздухопловно-техничката струка. Загрепското жупаниско државно …

Дронот кој падна во Загреб, сепак, носел бомба Read More »

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден


Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид …

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден Read More »

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


Министерството за внатрешни работи соопшти дека Д.К. (75) од селото Љубанци е лишен од слобода откако се пронајдени оружје и муниција при претрес во неговиот дом по наредба на Основен кривичен суд Скопје. – При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – …

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци Read More »

Отворен компјутерски центар на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје


 На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија. – Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо …

Отворен компјутерски центар на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје Read More »

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за зголемување на платите што го бара СОНК


Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на …

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за зголемување на платите што го бара СОНК Read More »