Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


Министерството за внатрешни работи соопшти дека Д.К. (75) од селото Љубанци е лишен од слобода откако се пронајдени оружје и муниција при претрес во неговиот дом по наредба на Основен кривичен суд Скопје.

– При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел, стои во соопштението на МВР.

 

Д.К. во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.