Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата.

Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“.

Лордот Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тивијални прекршоци“.

Волфсон е прв член на британската Влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.

Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата.

Опозицијата во Велика Британија веќе се произнесе со барање за оставки на премиерот Џонсон и министерот Сунак откако им беа изречени казни заради кршење на антиковид-мерките и учество на забава организирана во јуни 2020 година.