ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна


Бројот на бегалци кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да се зголеми на над 1,5 милиони лица, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, додавајќи дека тоа е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна. -Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот …

ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна Read More »

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина


 Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва. Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа …

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина Read More »

Покетино разочаран по поразот од Ница


 Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ги искажа впечатоците од натпреварот од 27. коло на Францускиот фудбалски шампионат против Ница. ПСЖ загуби со 1:0 со гол примен во самиот финиш на дуелот одигран синоќа на теренот на Ница. – Многу сме разочарани што не победивме. Ја контролиравме играта, но не постигнавме гол, а кога играта …

Покетино разочаран по поразот од Ница Read More »

Најмногу снег наврна на Попова Шапка, Маврово и во Крушево


Во текот на ноќта и претпладнево е облачно со пообилни врнежи од снег на повеќе места, а во средниот и долниот дел на Повардарието со врнежи претежно од дожд. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесуваше 75 сантиметри на Попова Шапка, 61 во Маврови Анови, 58 во Крушево, 37 во Пожаране, 30 во …

Најмногу снег наврна на Попова Шапка, Маврово и во Крушево Read More »

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите


Прочка претставува голем празник за православните верници и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш …

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите Read More »

Облачно со снег и дожд


– Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени. Во Скопје и околината облачно со врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. Утре …

Облачно со снег и дожд Read More »

Стража, Пресека и патот Крак Маврово – Дебар и натаму забранети за сообраќај за камиони


 Поради обилни врнежи од снег од вчера попладнево е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар. Како што соопшти АМСМ, поради снегот што се задржува на коловозот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка задолжително е користење на зимска …

Стража, Пресека и патот Крак Маврово – Дебар и натаму забранети за сообраќај за камиони Read More »

Нови 370 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 10 лица, најмладиот на 37 години


Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на Ковид-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и …

Нови 370 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 10 лица, најмладиот на 37 години Read More »

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, …

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа Read More »

(Видео) Ковачевски за пензиите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска одржаа состанок со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите. Со овој состанок продолжува дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите. Проследете ја изјавата на премиерот:

Контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти


Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе …

Контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти Read More »

Реконструкција на улицата „Перо Наков“


Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкција на улицата „Перо Наков” во Гази Баба, а за таа цел беше потпишан договор меѓу градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „На барање на граѓаните од заедниците „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Градот …

Реконструкција на улицата „Перо Наков“ Read More »

Во Кичево и во Македонски Брод годинава нема дуални паралелки


Разговорите  поврзани со проектот „Учи паметно, работи стручно“, ни даваат слика за потребите на компаниите за стручни и обучени лица, но и за реалните можности и услови на средните стручни училишта да ги обезбедат овие лица, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета на општина Кичево, каде продолжија консултациите со стопанството, …

Во Кичево и во Македонски Брод годинава нема дуални паралелки Read More »

Повик за Награда за најзелена општина


На Светскиот ден на дивиот свет, Делегацијата на Европската Унија ја промовираше за прв пат наградата за Најзелена општина. Повикот е отворен за сите општини во Северна Македонија и им нуди можност да ги покажат активностите со кои придонеле за заштита на животната средина. Повикот има за цел да ги промовира добрите практики воспоставени во 2021 …

Повик за Награда за најзелена општина Read More »

Уставен суд: Формиран предмет за урбанистички планови во Маврово


Во Уставниот суд формиран е предмет У.бр.21/2022 откако подносителот Драган Пешевски, адвокат од Скопје испратил дополнување на иницијативата, по претходно укажување на Судот. Со иницијативата, како што информираат од Уставниот суд, оспорени се следните Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од …

Уставен суд: Формиран предмет за урбанистички планови во Маврово Read More »

Регистрирани нови 389 случаи на заразени со Ковид-19, починати се 15 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, дека се направени 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – …

Регистрирани нови 389 случаи на заразени со Ковид-19, починати се 15 лица Read More »

Седми ден се трага по Петар, се спуштија и во јами


Припадници на државните служби, спелеолози и доброволци ја продолжуваат потрагата по десетгодишниот Петар Џобоски, кој исчезна минатиот петок во Врбско, Прилепско. Спасувачките тимови и денеска се спуштаат во старите окна на поранешната фабрика „Партизанка” од Прилеп длабоки 70 метри, откако момчето не беше пронајдено вчера кога припадник од Дирекцијата за спасување и заштита (ДЗС), влезе …

Седми ден се трага по Петар, се спуштија и во јами Read More »

Поради санација од понеделник се затвора мостот кај Проевце на патот Куманово – Свети Николе


Поради санација мостот над река Кумановка кај Проевце на регионалниот пат Куманово-Свети Николе од понеделник, па во наредните шест месеци, ќе биде затворен за сообраќај, најавија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и од Општина Куманово. Товарните возила нема да можат да сообраќаат низ Куманово. – Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај со …

Поради санација од понеделник се затвора мостот кај Проевце на патот Куманово – Свети Николе Read More »

Воспитувачка во градинка во Скопје обвинета за насилство врз дете


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. – На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека …

Воспитувачка во градинка во Скопје обвинета за насилство врз дете Read More »